Денес во салата “Кале“ се одигра меч од младинската лига во кој младинците на РК Вардар јуниор ја пречекаа екипата на ГРК Борец од градот Велес. Нашите момци предводени од Пепи Манасков со пресврт во финишот дојдоа до победа со 28-25, со која дојдоа до нови бодови, на полувреме водеа нашите момци со 12-11.
Први со гол мечот го отворија нашите момци тие поведоа со 1-0, а гостинот изедначи на 1-1. Во продолжение бевме подобар противник успеавме да се одлепиме првпат на “плус два“ 5-3 во 16 минута со голот на Јаховиќ Едис. Гостите успеаа да се вратат во игра и во 18 минута изедначија на 7-7, а потоа со два гола поведоа првпат они со два плус во првиот дел. По нивното водство до 7-9 во 21 минута тренерот Манасков Пепи повика минута одмор поради консултации. Истата вроди веднаш со плод, заигравме далеку подобро и направивме серија 3-0 со која успеавме да поведеме со 10-9 во 24 минута. До крајот се играше машки со многу дуели, двата тима не успеаа да се одлепат. Тие постигнаа по два погодоци во противничките мрежи и за на одмор да заминеме со предност од 12-11.
Вториот дел со два погодока го стартуваа велешани кои се мини серија 0-2 го преземаа водството и поведоа со 12-13. Ние успеавме да ја подобриме играта во продолжение и во 34 минута поведовме со 15-14 на овој младински дуел. Гостите доминираа во продолжение и преку Зафиров Павле го преземаа водството со неговиот погодок поведоа со 17-18 во 40 минута од натпреварот. Во продолжение гостите од Велес постојано го контролираа водството со “плус три“ односно со резултат 19-22 влеговме во последните десет минути од мечот. Се играше гол за гол и понатака двата тима постигнаа по три гола и на четири минути влеговме со негатива 22-25 во тие моменти личеше дека мечот е загубен. Манасков повика тајм-аут и им даде последни инструкции и кураж на своите момци за финишот. Вистинска драма во финишот следуваше, каде изедначуваме на 25-25 во 58 минута. На нашиот гол Блажевски Горјан блесна фати три топки и недозволи да биде совладан, нашите момци погодија дури трипати во последните моменти правејќи пресврт и триумфирајќи со 28-25 на крајот. Големо браво за целиот меч за нашите момци и тренерот, особено за последните пеколни 3-4 минути кога покажавме карактер.
Кај нас Блажевски Горјан беше одличен на голот во текот на целиот натпревар, Хаџидимовски Никола постигна 9 гола, Благопетров Лука стрелаше 6 пати, по 3 гола дадоа Јорданов Дарио, Барлаковски Иван, Јаховиќ Едис и Стојчевски Александар, а играчот Чупетревски Алек беше стрелец на еден гол.