Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Лесна и убедлива победа на Вардар (1) од генерацијата 2010, девет голови во мрежата на Шкупи
Лесна и убедлива победа на Вардар (1) од генерацијата 2010, девет голови во мрежата на Шкупи

Лесна и убедлива победа на Вардар (1) од генерацијата 2010, девет голови во мрежата на Шкупи

Денеска на фудбалските терени на ФК Работнички во градски парк, се одигра седмото пролетно коло во Детската фудбалска лига. Вардар (1) од генерација 2010 немаше проблеми во ова седмо коло и лесно се справи со градскиот ривал, тимот на ФК Шкупи. Момчињата на Зоран Петковски денешниот дуел го добија со убедливи 9:1.

На денешниот дуел во листата на стрелците кај Вардар се запишаа дури шест различни играчи. Дaриo Илиќ запиша хет-трик, Кoнстaнтин Трaјкoв стрелец беше на два гола, а по еден денеска постигнаа Oгнен СивескиСтефaн Ристиќ, Дaлибoр Мaркoвиќ и Мaтеј Чедевски.

Вардар (2) беше слободен во ова коло.