Денес во спортската сала “Г.Делчев“ во скопската населба Илинден се играат завршни мечеви во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај момците родени 2002 и 2003 година се одиграа полуфиналињата по кој РК Преспа и РК Кале Вардар закажаа меч за злато ова попладне.
Во првото полуфинале РК Кале Вардар од Кичево обезбеди меч за злато, тие во полуфиналниот дуел го совладаа тимот на РК Урдаревски Вардар од Скопје со резултат 21-18. Први со гол дуелот го отворија скопјани, кои на почетокот поведоа и со 2-0. Потоа следеше игра гол за гол на двете страни, двата колектива постигнаа по пет погодоци во противничките мрежи за резултат 7-5 на 4.минути до крајот. Во последните минути одлична игра на кичевчани тие успеаа да влезат во серија, го сочуваа својот гол, а во напад погодија три пати. Па така со серија 0-3 го преземаа водството и со минимална предност 7-8 заминаа на одмор.
Вториот дел почна како и што заврши првиот со целосна доминација на тимот на РК Кале, тие ја продолжија серијата и со уште два нови гола поведоа со “плус три“, 7-10. По ова преемање на предноста па се до крајот тие го контолираа дуелот. Лесно наметнаа игра гол за гол со која ја чуваа својата предност над ривалот. На крај токму со три гола победија и обезбедија финале, на семафорот во спорстската сала “Гоце Делчев“ во населба Илинден стоеше 21-18 за РК Кале Вардар од Кичево.
Во другото полуфинале очекувано РК Преспа Вардар од Ресен се пласираше понатака по дуелот со денес одличниот тим на Опш.Кисел Вода Вардар. Ресенчани победија со резултат 22-17 на овој натпревар. Преспа отвори со 2-0, нивниот ривал одговори со иста мерка и изедначи на 2-2. Од тој момент па се до 7-7, постојано имаше резултатска симетрија на семафорот во салата “Гоце Делчев“. Во последните минути со серија 3-0 тимот на Преспа замина на пауза со 10-7 и најави дека ќе атакува на финале.
Сепак скопските момци не се прададоа лесно, вториот дел го почнаа со машка игра по која успеаа за само 5.минути да се вратат резултатски кога изедначија на 11-11. Сепак нивниот ривал успеваше во продолжение да продуцира повеќе погододоци од нив, па така на еден нивни гол враќаше со два и постепено гол по гол се оделпуваше. На крајот РК Преспа со пет гола позитива, односно со резултат 22-17 обезбеди финале.