Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки во борба за второ финале во ЛШ и прва Европска титула
Вардарки во борба за второ финале во ЛШ и прва Европска титула

Вардарки во борба за второ финале во ЛШ и прва Европска титула

Вардарки вечерва со почеток од 18:00 часот ќе се борат за второ финале во Лигата на Шампионите и за прва Европска титула во својата историја. По петти последователен пат црвено-црните се најдоа на завршниот турнир во Будимпешта, а претходните години на три пати го освојуваа бронзениот медал и еднаш играа во големото финале и тоа минатата сезона кога беа поразени од тимот на Ѓер. Ова е последна шанса за оваа генерација на ракометарки кои го носат црвено-црните дрес да ја освојат ЛШ, со оглед дека клубот од следната сезона ќе се подмладува и ќе настапува претежно со млади домашни играчи.

Ростов Дон од Русија ќе ни стои на патот до големото финале и тие ќе бидат првата од двете пречки, за да се стигне до посакуваната и конечна цел. Интересно ова ќе биде нивни прв меѓусебен дуел на официјалните натпревари и во најголемото натпреварување, досега имавме само еден натпревар со овој противник и тоа пред стартот на сезоната на турнирот во организација на Вардар, кога во финалниот дуел игравме против Ростов и бевме убедливо поразени (26:33). Откако минатата сезона, екипата на Ростов изненадувачки не успеа да ја помине ниту првата групна фаза, оваа сезона се решени да го нападнат врвот на Европа. Пласманот на Ф4 доволни говори за каков противник се работи, екипа за која настапуваат неколку руски репрезентативки, како и шест интернационалки. Силната бековска линија на противникот ја сочинуваат Катарина Булатовиќ, Александрина Барбоса, Ана Паула Родригес, како и најдобриот стрелец на тимот, се работи за Ана Вјахирева, која инаку е сестра на Полина Кузнецова која настапува за Вардар, тоа значи дека во денешното полуфинале ќе гледаме и сестрински дуел на двете страни. На голот е поранешната вардарка, Мајса Песоа, а тука е и уште еден играч, кој беше дел од црвено-црниот дрес, се работи за левото крило, Сираба Дембеле, која е стандардна на својата позиција. Мора да се спомене и специјалистот и ракометарката која игра само во одбраната, се работи за Ана Сен против која голема борба ќе водат нашите играчи. Десната бековска позиција како и пикерската ја сочинуваат домашни ракометарки, кои имаат потенцијал да бидат исто така опасни за противникот. Се на се, одлично вклопен тим, кој располага со млади талентирани, но и искусни ракометарки кои можат да се надигруваат со секоја екипа во Лигата на Шампионите.

Ростов имаше прилично тешка група оваа сезона и во првиот дел од натпреварувањето играше со екипи, како Ѓер, Митјиланд и Брест од Франција. Во првата групна фаза имаа четири победи и два порази, додека во главната рунда, им се приклучија екипите на Крим, Никобинг и ЦСМ Букурешт, тука имаа дури пет победи и само еден нерешен резултат, на тешкото гостување кај тимот на ЦСМ Букурешт, кој исто така е учесник на овој завршен турнир.

Вардарки мораат да дадат се од себе, ако сакаат да го победат Ростов и да се пласираат во големото финале. Се надеваме дека Дибирова и Парондо добро ги подготвиле девојки, на кои ќе им треба максимум и многу мотивација во овие два тешки дена, за да застанат на врвот на Европа. Мотивот е несомнено голем кај вардарки, конечно да ја пробиеме бариерата и да стигнеме до трофејот во ЛШ. Тоа ќе биде идеална и најсреќна разделба на играчите со Вардар, кои засекогаш ќе го паметат тие моменти. Во првото полуфинале се среќаваат екипите на ЦСМ Букурешт и Ѓер. Кои екипи ќе бидат утрешните финалисти и ќе се бодат за трофејот ќе дознаеме денес.