Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) генер. “2005“ се врати на победите во детската лига, во денешното коло убедливо ја совладавме екипата на Милано
Вардар (2) генер. “2005“ се врати на победите во детската лига, во денешното коло убедливо ја совладавме екипата на Милано

Вардар (2) генер. “2005“ се врати на победите во детската лига, во денешното коло убедливо ја совладавме екипата на Милано

Денес на терените на ФФМ, еден натпревар од детската лига одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година. Тие настапија само со Вардар (2), со оглед дека дуелот на Вардар (1) против Еуроспорт беше одложен, односно црвено-црните го добија со службен резултат, поради непристигнување на тимот на Еуроспорт од Куманово.

Затоа настап имаше екипата на Вардар (2) кој после поразот во минатото коло успеа да се врати на победите. Денес избраниците на Ане Андовски за противник го имаа тимот на Милано од Куманово, кој го совладаа со резултат од 6:1. Одлично игравме во текот на целиот меч, беше видлива желбата кај нашите надежи после “киксот“ во минатото коло да ја исправат грешката. По првото полувреме, вардарци имаа предност од 2:0 и тоа со двата гола на Давор Лефковски, кој денес одигра одличен меч. Најпрво Лефковски погоди од игра за отварање на резултатот на 1:0, за до истекот на првите 30 минути да постигне и втор гол, овој пат од удар од белата точка, откако противникот направи три корни.

Продолживме со офанзивната игра и во второто полувреме. Прв кој погоди во овој дел од мечот беше бекот Стефан Ристовски, кој му донесе предност на Вардар од 3:0. Следи ново гол шоу на Давор Лефковски, кој постигна два гола во серија и го зголеми резултатот на 5:0. Милано речиси безопасен кон нашиот гол, за ралика од црвено-црните кои вршеа притисок на противничката половина. Прв гол денес и за Стефан Наумовски, кој успеа да ја погоди мрежата на Милано и да му донесе водство на Вардар од 6:0. Во следните минути почесен гол постигна и екипата од Куманово, за да го намали резултатот на 6:1 и тоа со удар од белата точка. Ова беше и конечен резултат на крајот од овој натпревар во седмото пролетно коло од детската лига.