Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > 14 голови во мрежата на Еуроспорт, од Вардаровата генер. “2004“ во детската лига
14 голови во мрежата на Еуроспорт, од Вардаровата генер. “2004“ во детската лига

14 голови во мрежата на Еуроспорт, од Вардаровата генер. “2004“ во детската лига

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година во денешното коло од детската лига забележа убедлив триумф со високи 14:0. Противник за избраниците на Филип Арсовски беше екипата на Еуроспорт.

Не требаше да помине многу време за да биде отворен резултатот на овој меч. Уште во првата минута Теодор Перковски ја најави голеадата на овој натпревар, погодувајќи за водство од 1:0. Веќе во следниот напад, Марио Сурлов упатува удар кон голот на Еуроспорт, но противничкиот голман успешно брани. Во втората минута, нов гол во мрежата на противникот, стрелец Димитар Стоимов за водство од 2:0. Целосна доминација за Вардарци на овој дуел, Еуроспорт не беше ни од блиску рамноправни за нашите млади надежи. Во обид за постигнување гол се најдоа Максим Милошевски, Теодор Перковски и повторно Димитар Стоимов. Втората своја шанса Максим Милошевски ја претвара во погодок, кој повлече од десната страна, изби сам со голманот и стрелаше за предност од 3:0. Конечно и на другата страна, обид за постигнување гол, но нашиот чувар на мрежата Васко Василев е на своето место. Набргу успеваме да ја зголемиме предноста. Тргна акција на Вардарци, најпрво биеше Стефан Стојановски, голманот на Еуроспорт ја одбива топката, на која наидува Лука Ивановски за 4:0. Истово момче успеа да ја погоди и стативата, но во следната акција на црвено-црните, Лука погодува за 5:0, што беше резултат по првото полувреме.

varrdarfans gener 2004

Ниту во вториот дел,младите Вардарци не застанаа со наападите и со својата препознатлива игра. Уште девет гола во мрежата на Еуроспорт во овој дел од натпреварот. Погодоците за Вардар во вториот дел беа дело на: Максим Милошевски (3), Димитар Стоимов (2), Марио Сурлов, Теодор Перковски, Лука Ивановски и на голманот Васко Василев со удар од пенал.