Денеска на терените на ФК Работнички во градски парк се одигра ново коло во детската фудбалска лига. Генерацијата 2006 предводена од Игор Кралевски запиша уште две убедливи победи против врсниците од екипите на Куманово и Еуростар.
Најпрвин ФК Вардар (1) го ”збриша” тимот на Еуростар победувајќи го со убедливи 9-0. Вардарци уште на почетокот од натпреварот покажаа дека на овој натпревар ќе доминираат во секој сегмент од играта. Уште од првата минута нашите играчи нападнаа кон голот на противникот. Прв погоди Давид Голубов за водство од 1-0 и ја најави голеадата денеска. Потоа во листата на стрелците се запиша и Максим Цониќ за водство веќе од 2-0, тука нашите млади надежи не застанаа потоа гол постигна и Дамјан Крстевски за високи 3-0, со овој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел Вардар заигра уште по добар фудбал од првиот дел, шансите се редеа, прв во второто полувреме го матираше противничкиот голман Марко Николовски за прв негов гол денеска, тука се најави и гол шоу на Марко, потоа Николовски постигна уште два гола во серија за веќе високи 6-0. Потоа одличниот денеска Дамјан Крстевски постигна уште еден феноменален гол за високи 7-0. Крстевски феноменалната партија денеска ја заокружи со уште еден, вкупно трет гол денеска за убедливи 8-0. Вреди да се напомене дека во оваа победа и нашиот голман имаше неколку одлични одбрани. Високата победа од 9-0 ја запечати Давид Голубов со својот втор гол денеска. Браво за нашите момчиња кои одиграа феноменален меч, честитки и до нивниот тренер Игор Кралевски.
ФК Вардар (2) го совлада тимот на Куманово со резултат 4:1, и се погрижи за одличен викенд за генерацијата 2006. Оваа победа и одличната игра денеска ја започна Никита Патаровски со феноменален погодок од преку половина терен со бомба удар, ова беше спектакуларен погодок на нашиот играч. Патаровски не застана тука со ”бомбите” уште еден бомба удар упати кон крајот на првиот дел за уште еден феноменален погодок за веќе 2-0. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел Куманово намали на 2-1, но овој гол не влијаеше многу негативно на нашите момчиња, Колоски Стефан погоди за 3-1, и сигурни два разлика за нашите момци. Точка на средбата и нова победа стави Михаил Танчев за убедливи 4-1 на крајот од овој натпревар.
Честитки и за оваа генерација, која гази во детската лига.