Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар го “растури“ Работнички, во “дербито“ на регионалната-скопска лига кај генерација “2004“, осум голови во противничката мрежа испорачаа избраниците на Кралевски
Вардар го “растури“ Работнички, во “дербито“ на регионалната-скопска лига кај генерација “2004“, осум голови во противничката мрежа испорачаа избраниците на Кралевски

Вардар го “растури“ Работнички, во “дербито“ на регионалната-скопска лига кај генерација “2004“, осум голови во противничката мрежа испорачаа избраниците на Кралевски

Денес на теренот на алумина се одигра натпревар во рамките на регионалната-скопска лига, помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Многу полесно од очекувањата нашите млади надежи славеа убедливо со резултат од 0:8.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Јаневски, Милошевски, Љушев, Серафимов, Каровски, Анчевски, Хајдари, Попов, Павлески, Стојановски.

Вардар имаше почетна иницијатива на теренот, која набрзо започна да ја претвара во голови. При една мешаница во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде Никола Павлески, кој успева да му донесе водство на Вардар од 0:1. После отварање на резултатот речиси на секои четири минути ја тресевме противничката мрежа. Работнички беше длабоко повлечен на својата половина, а црвено-црните немилосрдно ја казнуваа слабата игра на противникот.

vardarfans-6

Следниот гол за водство на Вардар од 0:2 го постигнува Сандро Каровски, кој искористи една нафрлена топка од левата страна на Стојановски, кој само ја постави ногата и топката беше во противничката мрежа, за зголемено водство. Следните два гола на мечот беа дело на Горазд Попов, кој напрво зголемува на 0:3, откако започна акција од десната страна во која учествуваше Павлески, која ја нафрли топката која стигна до Љушев кој бие во еден од играчите на Работнички, а одбиената топка стигна до Попов кој немаше проблеми да ја смести во мрежата. Не поминаа ниту две минути кога истиов играч бие прецизно, овој пат со глава му носи предност на Вардар од 0:4.

vardarfans-5

Тотална доминација за избраниците на Кралевски, кои полесно од очекувањата ја полнеа мрежата на домашната екипа. Втор гол на натпреварот постигна и Сандро Каровски, за веќе “петарда“ во мрежата на домашната екипа и предност од 0:5. После тоа веднаш се закани и Павлески, но ударот завршува покрај голот. Тренерот Кралевски направи две измени. Од игра излегоа Милошевски и Анчевски, на нивно место во игра се Ивановски и Јовановски. До крајот на првото полувреме постигнуваме уште еден гол и повторно за Каровски, кој стигна до хет-трик на овој меч, кој зголеми на 0:6, по асистенција на Стојановски. По првиот дел имаме водство од 0:6.

vardarfans-4

Ваквата голема предност му овозможи на тренерот Кралевски да им даде шанса за настап на сите играчи, кои беа на располагање за денешниот дуел. Во игра влегоа и Богдановски Матеј, Стоимов Димитар, Бесар Гуџуфи, Стефан Стојановски и Теодор Перковски. Рутинско второ полувреме за нашите млади надежи, кои требаа само да го доработат овој натпревар во своја корист. Сепак не заборавивме и да постигнеме некој гол и во овој дел од мечот. Прв гол на дуелот постигнува нововлезениот Филип Јовановски кој погоди за резултат 0:7, додека убав гол од голема далечина проследуваме и на Димитар Стоимов, за веќе убедливи 0:8.

vardarfans-2

Ова беше и конечен резултат на крајот од натпреварот. Оваа генерација на ФК Вардар продолжува со добрите игри и сотанува на првото место на табелата со максимален број на освоени бодови во оваа лига.