Младинците на ФК Вардар стигнаа до својата 18.првенствена победа откако денес на теренот на Академијата беа подобри од екипата на Победа од Прилеп. Конечниот резултат на овој дуел од младинската супер лига гласеше 8:2.
Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Радевски, Пешевски (c), Наумчески, Стојчески, Велковски, Ѓорѓиески, Јусуф, Реџепи, Младеновски, Тасев.
Првиот удар на дуелот го имаше Вардар, откако се обиде Мустафа Јусуф кој биеше високо над голот, додека првата посериозна шанса беше за гостинската екипа од Прилеп. Одлична акција направија играчите на Победа, сепак крајниот удар од левата страна за наша среќа ја погоди само пречката од голот на Матеј Андов, па резултататот остана непроменет. Црвено-црните имаат поголем посед на топка и иницијатива на овој дуел, повторно се обиде Јусуф кој на нафрлена топка бие со глава, но одбрани голманот на прилепчани. Ибраниците на Рап Тап успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0.
Се играше акција од левата страна, се уфрли Марко Тасев кој продре, стигна до голот упати удар кој заврши во мрежата на Победа. Следниот обид го имаше Александар Младеновски кој откако проигра со Реџепи, биеше силно, но одбрани противничкиот чувар на мрежата. Од голема далечина удар упати и Фитор Реџепи, но голманот на Победа беше добро поставен и не дозволи поголема негатива. Сепак во последните пет минути од првиот дел успеваме да го зголемиме резултатот на 2:0, откако погоди Мустафа Јусуф, после една голема грешка на противничкиот дефанзивец, откако голманот му додаде топка, невнимание во последната дефанзивна линија, одзема Јусуф кој успева да се запише во листата на стрелци. На полувреме, Вардар се стекна со предност од 2:0.
Прва измена кај Вардар на стартот на вториот дел, во игра е Антонио Божиноски на местото на Реџепи. Токму Божиноски го имаше првиот обид, но одбрани голманот на Победа. Црвено-црните имаа целосна доминација и во вториот дел, создадоа многу шанси, од кои некои и успеаа да ги претворат во гол. Вториот гол денес го постигнува Јусуф Мустафа, со што успева да го зголеми резултатот на 3:0.
Нова измена кај нас, поради повреда теренот го напушти Велковски, на негово место во игра е Малик Хасановиќ. Токму Хасановиќ беше асистент на следние два погодоци за Вардар и тоа од десната страна. Најпрво успешно асистираше до Александар Младеновски, кој го зголеми резултатот на 4:0, за неколку минути подоцна да постигнеме речиси идентичен гол, овој пат стрелец е Марко Тасев за убедлива предност од 5:0.
Поради сомнително играње со рака во нашиот шеснаесетник, главниот судија се реши да покажа на белата точка, што беше можност за гостинскиот тим да го намали резултатот, успешно го изведуваат казнениот удар и намалија на 5:1. Во игра кај Вардар ги видовме Петковски, Кртовци и . Убав гол на мечот постигна стоперот Марко Стојчески и тоа од прекин. Силно биеше Стојчески, а несмасно реагираше гостинскиот голман, кој беше принуден да ја вади топката од својата мрежа, за водство од 6:1. Стигна и хет-трик на мечот за Јусуф Мустафа кој го зголеми водството на 7:1.
Во продолжение од мечот добра прилика имаше и Кртовци, кој се најде во добра ситуација, но одбрани голманот на Победа. Видовме уште два гола до крајот на натпреварот, по еден во двете мрежи. Најпрво Победа го намали резултатот на 7:2, за конечниот резултат од 8:2 со својот 3ти погодок да го постави Марко Тасев. Претходно во шанси се најдоа Тасев и Божиноски.
Ова беше вкупно 18.победа за Вардаровите младинци оваа натпреварувачка сезона.