Мавров Васко oд Струмица е делегиран да го суди натпреварот утре во Маџари на кој се среќаваат нашиот Вардар и тимот на Ренова од Тетово.
На Мавров ќе му помагаат Ѓорѓиев Ристо и Саздовски Зоран, двајцата од Штип. Четврти судија на овој дуел ќе биде Мантев Петар од Неготино.
Дуелот започнува со почеток од 16.00 часот. Дојдете во Маџари да му дадеме поддршка на нашиот тим да стигне до победа и да биде многу блиску до обезбедување на квалификации за Лигата на Европа ова лето.