Покрај повредениот Дисингер и отпишаниот Борозан, Парондо се соочува со уште еден проблем пред дуелот со ПИК Сегед во четврток во Скопје.
Алжирскиот интернационалец Калифа Гедбан е неизвесен за настап поради повреда добиена уште за време на СЕХА – турнирот во Брест. Токму затоа и младиот голман Кисиќ добива голема минутажа на натпреварите од Супер лигата, а Гедбан го нема во составот.
Во овој момент трае рехабилитацијата на алжирскиот интернационалец па останува да сочекаме и да видиме дали ќе биде подготвен за настап, или ќе мора Милосављев да го понесе целиот товар на овој дуел.