Вардар одлично го отвори пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Нашиот тим денеска лесно се справи со тимот на Слога и славеше победа со резултат 3:0 (2:0). Вардар ја задржува првата позиција на табелата пред големото дерби идниот викенд против Шкендија.
Вардарци натпреварот не можеше да го отворат на подобар начин. Веќе во 2′ минута нашиот тим дојде до предност. По еден изблокиран удар на Блажевски топката на неколку метри пред голот ја зафати Кривањева кој си постигна автогол. Потоа во 13′ минута Вардар имаше уште една закана преку Блажевски, но неговиот удар заврши во рацете на Зендели. Во 16′ минута нашиот тим дојде и до предност од 2:0. Фелипе од преку 30 метри одкосо од десно упати силен удар кој што заврши во горниот десен агол од голот на противникот, ова беше феноменален погодок на Фелипе. Се до 35′ минута и двете екипи имаа по некоја закана но без посериозни шанси за погодок. Во 36′ минута Кадриу ја имаше најубавата шанса за неговиот тим во првиот дел, но Гачевски го одбрани тој удар. Веќе во 38′ минута Вардар можеше да дојде и до 3-0, но еден удар на Блажевски го одбрани голманот на гостите. Со овој резултат заврши првиот дел.
Во вториот дел Вардар умешно ја чуваше предноста од два гола стекната уште по првиот дел. Првата шанса во вториот дел ја имаше Барсегјан во 48′, но неговиот удар отиде право во голманот Зендели. Потоа во 63′ Вардар можеше лесно да дојде и до третиот гол, но ударот на Којашевиќ со глава заврши само во стативата. Во 66′ во нашиот тим во игра влезе Николов на местото на Велковски. Потоа во 71′ противникот имаше добра закана кон нашиот гол, но ударот на Исени заврши во рацете на Гачевски. Бргу беше направена и втората замена во нашиот тим, во игра влезе Џигаури на местото на Барсегјан. Дојде и третиот гол за Вардар во 82′. Фелипе убаво го проигра Блажевски кој што и избега на одбраната, и успеа да ја спроведе во мрежата на противникот за точка на оваа средба. Во последните пет минути од мечот во игра влезе и Брдаровски на местото на Којашевиќ. Со овој резултат и заврши натпреварот, ова беа први пролетни бодови за шампионот на Македонија.