Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По една победа и пораз за РК Филип Вардар во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2000/01
По една победа и пораз за РК Филип Вардар во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2000/01

По една победа и пораз за РК Филип Вардар во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2000/01

Екипата на РК Филип од Прилеп забележа една победа и пораз кај генерација родени 2000/01 година. Во машкиот дел Филип-Вардар беше поразен од Кисела Вода, додека кај девојките Филип-Вардар триумфираше против Кузман.

Екипата на РК Филип Вардар иако важеше за фаворит во дуелот со Опш.Кисела Вода, сепак на крајот го загуби натпреварот. На самиот старт Кисела Вода поведе со 0:3, а екипата од Прилеп постојано “бркаше“ негатива. Избраниците на Филип Таневски за момент намалија на 2:4, но Кисела Вода постигнува четири последователни голови за највсоки шест голови предност (2:8). Повторно успева екипата на РК Филип да намали на 4:8, но до крајот на првото полувреме, Кисела Вода ги враќа највисоките шест голови разлика (8:14). И во второто полувреме, екипата на Кисела Вода играше одлично и не дозволуваше на Филип да се доближи резултатски. Во еден момент екипата од Прилеп намали на 14:18, а на три минути пред крај и на 17:20. На крајот конечниот резултат гласеше 18:21. Филип Велковски беше стрелец на 5 погодоци кај РК Кисела Вода, додека кај поразените најефикасен беше Михаил Свртинов со 6 голови.

Во истава генерација но во женскиот дел победа забележа екипата на Филип-Вардар, кои беа подобри од РК Кузман. Во воведните шест минути се играше гол за гол на двете страни, последното измрануваше беше при резултат 4:4, кога екипата од Приелеп постигна три гола во серија и за прв пат зголеми на 7:4. Предноста ја одржуваа до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со 9:6. На стартот на вториот дел екипата на Кузман постигна два гола во серија и намали на 9:8. Решавачкиот чекор кон победата РК Филип го направи кога при резултат 10:9 зголеми на 13:9. До крајот на натпреварот само ја одржуваа предноста, за конечниот резултат да гласи 17:12.