Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Дванаесетта победа од исто толку одиграни натпревари за Вардаровата генер. “2004“, која денес убедливо го совлада Њу Старс
Дванаесетта победа од исто толку одиграни натпревари за Вардаровата генер. “2004“, која денес убедливо го совлада Њу Старс

Дванаесетта победа од исто толку одиграни натпревари за Вардаровата генер. “2004“, која денес убедливо го совлада Њу Старс

Вардаровата генерација продолжува со победите во рамките на регионалната-скопска лига. Тие денес на теренот на Академијата ја совладаа екипата на Њу Старс со резултат од 5:0.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Милошевски, Љушев, Јаневски, Анчевски, Серафимов, Каровски, Хајдари, Павлески, Попов, Стојановски (c).

Првите 15 минути од натпреварот поминаа без директен удар кон двата гола и двете екипи како да ги одмеруваа почетните сили и изгледаа незагреано за овој натпревар. Сепак на Вардар не му беше потребно долго време да го фати посакуваниот ритам и полека започна да го напаѓа противничкиот гол. Првата опасност кон голот на Њу Старс ја имаше Георг Стојановски, кој на нафрлена топка од десната страна на Павлески биеше со глава само покрај голот. И гостинската екипа од слободен удар се обиде да постигне гол, но на место е нашиот голман Наум Ангелов кој ја прибира во своите раце топката. Црвено-црните успеваат да го отворат резултатот, откако прифати топка Стојановски од левата страна биеше и топката заврши во голот на Њу Старс, за водство од 1:0.

1

Противникот имаше голема можност да го израмни резултатот, откако при едно наше невнимание во одбраната, еден од играчите на Њу Старс имаше зицер шанса, но голманот на Вардар, Ангелов одбрани и спасува израмнување на резултатот. Кралевски направи прва измена во својот состав, на местото на Каровски во игра го уфрли Стоимов. Вардар успева да го зголеми водството на 2:0 преку Горазд Попов, но половина гол се препишува на Стојановски Георг кој од левата страна успева да се ослободи од неколку противнички играчи и да додаде до Попов, кој немаше проблеми од само неколку метри да ја смести топката во мрежата, за водство на црвено-црните од 2:0. Со овој резултат и се замина на полувреме.

2

Во второто полувреме првиот обид го имаше Никола Павлески, кој на нафрлена топка од корнер, од прва со нога упати удар, но само во рацете на голманот. Следиме нова мајсторија на Георг Стојановски кој успева од повеќе од 20 метри да го матира голманот на Њу Старс, со удар во горниот лев агол за веќе водство од 3:0. Втора измена кај Вардар, во игра влезе Гуџуфи, на местото на Попов. Њу Старс беше безоапасен и речиси да не создаде ниту една посериозна шанса кон нашиот гол. Од слободен удар се обидоа, но нашиот голман Ангелов ја прибира топката во своите раце. Нови измени направи тренерот Кралевски.

5

Играта ја напуштија Серафимов и Анчевски, на нивно место во игра се Иванoвски и Левент Ибраим. Вардар рутински го одработи овој натпревар, а Стојановски Георг се обиде од слободен удар, биеше но голманот на гостите со крајни напори спречува поголема негатива. Сепак не можеше да го спречи ударот од голема далечина на Гуџуфи кој речиси од 30 метри го совладува противничкиот голман и со неговиот прв гол денес носи водство на Вардар од 4:0.

4

Тренерот Кралевски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање за овој натпревар. Во игра влегоа и Гигов, Стефан Стојановски и Перковски, на местото на Ангелов, Стојановски Георг и Хајдари. Својот дебитантски гол во оваа генерација на Вардар го постигна Левент Ибраим, за кој ова беше пв натпревар во црвено-црниот дрес, со оглед дека беше повреден и пропушти најголем дел од првиот круг на натпреварување. Со резултат од 5:0 заврши овој натпревар.

Ова беше 12 победа од исто толку одиграни натпревари за Вардарци, кои остануваат на првото место на табелата во регионалната лига.