По еднонеделната пауза, денеска се вратија натпреварите во Детската фудбалска лига. На терените на ФК Работнички, вардаровата генерација 2008 предводена од Павел Неделковски запиша две убедливи победи против екипите на Њу Старс 3 и Куманово.
Вардар (1) со убедливи 7:0 го победи тимот на Њу Старс 3. Во првото полувреме од слободни удари погодија Киш Матеј и Ненад Дамјаноски. Во вториот дел пак, погодија Арти Азизи, Илија Митаноски, Јован Павловски и на два пати Павел Андов за конечни 7:0.
Вардар (2) со убедливи 11:1 го доби денешниот дуел со тимот на Куманово. По првиот дел Вардар имаше комотни 4-0, стрелци на головите беа Ненад Дамјаноски со два гола и Коста Бошковски кој исто така стрелаше два пати. Во вториот дел погодија уште Коста Бошковски како и Арти Азизи на два пати, додека по еден постигнаа Дамјаноски, Стефан Бранковски и Лука Мирчевски.