Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за ФК Вардар генер.2007, совладани екипите на ФК Милано и Хет-Трик
Две победи за ФК Вардар генер.2007, совладани екипите на ФК Милано и Хет-Трик

Две победи за ФК Вардар генер.2007, совладани екипите на ФК Милано и Хет-Трик

Денес на терените на ФФМ продолжија натпреварите во рамките на детската фудбалска лига. Свои натпревари одигра и вардаровата генерација родени “2007“ година. Во утринскиот теремин се сретнаа екипите на Вардар (1) и Хет-Трик, меч кој го добија избраниците на Томче Трајановски со резултат од 19:3.

1

Првиот обид кон голот на противникот го имаше Kотевски Петар, потоа Војо Стојановски се обиде со глава топкат отиде во стативата.  Радевски шутна топката се одби до Војо Стојановски кој погоди за предност од 1-0. Противникот по едно наше невнимание успеаа да изедначи на 1-1.  Се обидовме во продолжение да го вратиме водството најпрвин преку Грашевски, а потоа и преку Киш Марко, за жал голманот беше на висина на задачата. Од пенал во водство минавме откако истиот одлично го реалзираше Грашевски Александар кој погоди за 2-1.  Следеше голејада потоа, ние го скршивме бедемот на противникот. Со головите на Филип Кузаревски, Марко Киш и двата на Петар Котевски кој денес беше одличен се одлепивме на пет гола предност. Ние поведовме со комотни пет гола предност, односно 6-1.  Со овој резултат заминавме на одмор на овој натпревар.

2 3

Вториот дел почна со офанзива на црвено-црните, напаѓавме и често погодувавме. Следеа нови три погодоци во мрежата на тимот на ФК Хет-Трик. Со погодоците на Кузаревски, Котевски и Грашевски се одлепивме на 9-1 на овој натпревар. Поради големата предност дојде до мало опуштање во црвено-црните редови,  најпрвин одлично одбрани Даниел Исајловски при првата закана, па потоа противникот успеа да намали на 9-2, тоа беше се што успеа да направи во вториот дел нашиот ривал.  Ние веднаш вративме со прекарасен евро-гол на Златко Радевски со кој стигнавме до двоцифрен број голови, ние поведовме со 10-2.  Милош Спасевски доби прилика од пенал по три корни, нашиот одбранбен играч шутна силно и погоди  за 11-2.  Нов погодок видовме од  Петар Котевски  за 12-2 и десет гола предност на црвено-црните избраници на Томче Трајановски. Браќата Киш Марко и Матеј во продолжение стрелаа по еднаш за предност од 14-2. До крајот противникот постигна еден гол, но ние вративме со пет. Дури три од нив беа дело на Војо Стојановски, по уште еден гол постигнаа Кузаревски Филип и Киш Марко. Дуелот заврши со наша победа 19-3.

4

Екипата на ФК Вардар (2) генер.2007 се сретна со тимот на ФК Милано од Куманово, во еден возбудлив дуел кој го решивме во вториот период дојдовме до победа со три гола предност. Момците на Томче Трајановски триумфираа со резултат 7-4 (3-3). Првиот дел го отворивме со одлична игра во офанзива и постојан атак кон голот на противникот тоа донесе прдност од 3-0 која потоа беше загрозена. Кумановци успеаа да изедначат на 3-3 и да го однесат дуелот на одмор со резултатска симетрија.

Вториот дел почна сосема идентично како и првиот дел, со наша офанзива и голем број на шанси. Исто така и имавме одлична реализација и во вториот период, но недозволивме да бидеме казнети. Одигравме мудро и поведовме со четири гола едно подруго со резултат 7-3 наговестувајќи победа. До крајот кумановачни само намалија на 7-4, но триумфот и победата отиде за црвено-црниот колектив.  За нас стрелци на овој дуел беа: Борјан Томовски (4), Иван Стојановиќ (2) и Никола Јовановски.