Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Илинден Вардар, РК Карпош и РК Урдаревски со триумфи кај момците во генер.2004/05 во денешните дуели од Јуниор лигата
РК Илинден Вардар, РК Карпош и РК Урдаревски со триумфи кај момците во генер.2004/05 во денешните дуели од Јуниор лигата

РК Илинден Вардар, РК Карпош и РК Урдаревски со триумфи кај момците во генер.2004/05 во денешните дуели од Јуниор лигата

Денес повторно во салата “Кале“ -Скопје можеа да се следат возбудувањето во црвено-црната ракометна лига. Кај генерација родени 2004 и 2005 година, во машка конкуренција во рамки на новото коло од ракометната вардарова Јуниор лига се одиграа три дуели. Од истите во продолжение ви носиме извештаии.

02

Во првиот дуел тимот на Опш.Кисела Вода Вардар беше совладан од екипата предводена од Дарко Јанев,  РК Илинден Вардар со резултат 23-17 (12-9).  На почетокот се играше изедначено двата тима постигнаа по еден гол за резултат 1-1, потоа беше 3-3, 4-4 и на крајот 5-5. Со серија 2-6 тимот од скопската населба Илинден успеа да се одлепи на 7-11 пред самиот финиш на првиот дел. Тие во финишот успеаа да ја сочуваат предноста и да одат на одмор со три гола на своето конто, 12-9.

Вториот дел дел почна со рамноправна игра двата тима постигнаа по три гола, предноста беше на страна на илинденци кои водеа со 12-15. Во продолжение па се до крајот на еден гол на момците од Кисела Вода тимот од Илинден враќаше со двојна мера, па тие ја дуплираа предноста за на крајот да забележат нова победа со резултат 17-23 во нивна корист.

2103

Во вториот дуел тимот на РК Урдаревски Вардар ја совлада екипата на РК Будимир Вардар  по пресврт во вториот дел со резултат 18-17 (6-9).  Момците на Урдаревски повоедоа со 1-0 на стартот, по што со серија 0-4 тимот на РК Будимир го преземам водството со 1-4. Од тој момент па се до крајот на првиот период се играше гол за гол на двете страни. Двата има погодија по пет пати во мрежата на ривалот, а момците од РК Будимир Вардар на одмор заминаа со предност од три гола на нивното контно, 6-9.

Момците од тимот на Урдаревски на почетокот од вториот дел одиграа поангажирано па успеаа да изедначат по 5.минути игра на 10-10, а потоа и да поведат со 13-11. Тие дотогаш имаа серија 7-2 со која направија целосен пресврт на резултатот кој беше на сила на одморот.  Во игра гол за гол тие ја чуваа предноста па во последните 3.минути влегоа со “плус три“ 18-15, момците на Будимир се обидоа во финишот да стигнат, но единствено намалија на минимални  18-17.

1120

РК Карпош Вардар од Куманово  лесно го совладат тимот на РК Вардар ДБ од Кавадарци со убедливи 28-8 (16-5) на последниот натпревар денес во ова коло од Јуниор лигата. Дуелот почна со по еден гол за почетни 1-1, по што со серија 4-0, момците на Ј. Миодраг-Црни поведоа со 5-1. Во продолжение кумановци беа подобар противник, тие на еден гол на тимот од Кавадарци одговаараа со два погодоци во мрежата на противникот. Па на одмор заминаа со дури 11 гола повеќе, на семафорот стоеше 16-5 предност за РК Карпош Вардар.

Вториот дел почна со целосна доминација на кумановскиот тим тие го отворија вториот период со серија 6-1 и наговестија дека противникот нема што да бара на овој дуел поведувајќи со  22-6.  Се потоа беше рутина за нив, тие од минута во минута ја зголемуваа предноста па на крајот поведоа и со двесет гола, тие триумфираа на ова средба од Јуниор лигата со резултат 28-8 на крајот.