Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко второ пролетно коло за вардаровата генер. “2005“ која славеше во дуелите со Форца и Куманово
Победничко второ пролетно коло за вардаровата генер. “2005“ која славеше во дуелите со Форца и Куманово

Победничко второ пролетно коло за вардаровата генер. “2005“ која славеше во дуелите со Форца и Куманово

Денес на терените на ФФМ , второто пролетно коло го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година. Избраниците на Ане Андовски одиграа два натпревари и забележаа исто толку победи.

Најпрво на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Форца, дуел кој им припадна на црвено-црните со резултат 6:0. Заслужена победа за вардарци, кои во најголем дел од натпреварот го напаѓаа противничкиот гол и создаваа шанси. Првиот обид кон противничкиот гол го имаше Фидановски, но голманот на Форца, Марко Бреслиев го одбрани ударот. Следува и обид на Влатко Кулуковски кој со глава бие над голот на противникот. Инциијативата ја претвараме со гол, кога Никола Величковски му донесе предност на својот тим од 1:0. Во акцијата при постигнување на голот, претходеше удар на Фидановски, кој го одбрани Бреслиев, но на одбиената топка наиде Величковски кој немаше проблем да ја смести во мрежата.

4

Веднаш после отварање на резултататот се обиде и Филип Јовановски, кој шутира но на место е голманот на Форца. Се редеа шанси пред голот на противникот, а обид имаше и Матеј Николовски, но резултатот остана непроменет. Вардар успева да го зголеми резултатот на 2:0, откако при прекин направија добра акција, во која учестуваа Спасиќ како асистент, а реализатор беше Никола Величковски, кој со својот втор гол донесе предност на црвено-црните од 2:0. До крајот на првото полувреме, мрежата на Форца за прв пат денес ја затресе и Давор Лефковски, па со резултат од 3:0 завршија првите 30 минути.

6

Во вториот дел исто така доминиравме на теренот, и исто така постигнавме нови три голови. Форца беше во подредена улога и го бранеше својот гол, но Вардар успева да постигне нови погодоци. Нови два гола беа за Никола Величковски, вкупно четири на овој меч зад неговото име. Во листата на стрелци се запиша и Матеј Гашттаров, за конечниот резултат на овој натпревар да гласи 6:0.

5

Победа забележа и Вардар (2) во дуелот со тимот на Куманово 2012. И тука имавме голем дел од играта, а покрај трите голови создадовме уште неколку шанси за поубедлив триумф. Работата си ја завршивме во првото полувреме, кога ги постигнаве сите три голови. Резултатот за 1:0 го отвори Филип Радевски, кој му донесе предност на својот тим. Предноста на 2:0 ја зголемивме преку Горјан Цветков, за резултат од 3:0 по првото полувреме со својот прв гол да донесе и Лука Јакимовски. Со овој резултат завршија првите 30 минути. Во вториот дел почесен гол и за екипата на Куманово, која го намали резултатот и ги постави конечните 3:1 на вој натпревар.