Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Јуниор лига: Момците на Опш.К.Вода и РК Драчево Вардар со триумфи на денешните дуели
Јуниор лига: Момците на Опш.К.Вода и РК Драчево Вардар со триумфи на денешните дуели

Јуниор лига: Момците на Опш.К.Вода и РК Драчево Вардар со триумфи на денешните дуели

Денес во салата Кале во Скопје се играа нови дуели од ракометната Вардар Јуниор лига. Кај момчиња во генерација 2006 и 2007 се одигра натпреварот помеѓу  РК Ангели и РК Драчево Вардар. На овој дуел победа оствари тимот Драчево Вардар со резултат 11-10.

00

Први со погодок натпреварот го отворија драчевчани, апак тимот на Ангели со три последователни погодоци го презема водството и поведе со “два плус“. односно  3-1. Се играше постојано во продолжение игра гол за гол, Ангели успеаваа да ја оддржат предноста која ја имаа после пресвртот. Двата колектива до крајот на првиот дел постигна по три погодоци во двете мрежи, па на одмор стоеше на семафорот во салата “Кале“ 6-4 предност за Ангели.

Во вториот дел се случи пресвртот на овој натпревар, иако на почетокот ништо не го навестуваше. Ангели се одлепија по 6.минути игра на 8-5 и го контролираа дуелот.  Сепак тимот на РК Драчево Вардар успеа да се издигне, ги затвори сите приоди кон совојот гол, во напад казнуваше и направи серија 0-6. Со таа серија успеаа пред почетокот на последните минути од дуелот да поведат со “плус три“ 8-11. Ангели до крајот само замалија на 10-11 и мора да се помират со пораз. Тевдовски кај победникот имаше 4 гола, Антиќ кај поразените постигна 3 гола.

913

Во генерација родени 2002 и 2003 исто така се одигра еден натпревар во истиот РК Урдаревски Вардар се сретна и беше поразен од  тимот на РК Општина Кисела Вода Вардар.  Со по еден гол двата тима го отворија дуелот за почетни 1-1, следеше игра гол за гол за резултатска симетрија на семафорот, 3-3.  Момците на Кисела Вода покажаа потоа дека се квалитетен колетив, одиграа феноменално направија клучна серија 0-6 со која поведоа со 3-9 пред крајот на првиот дел. Урдаревски во финишот успеа да намали на 4-9, резултат со кој се замина на одмор.

Урдаревски направи обид за намалување во вториот дел, по 5.минути играа ја ублажија негативата намалувајќи на 7-11.  сепак следеше нова серија на Кисела Вода 1-3 со која поведе со 8-14  и наговести дека несака да ја испушти предноста на овој дуел. Тие одигра умно па до крјаот на дуелот високата разлика ја бранеа со игра гол за гол, и триумфираа на овој дуел со резултат 13-21. Гојдовски кај победникот имаше 4 гола, Томашевски имаше 3 кај поразените.