Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери стигнаа до 17 победа, пионерите убедливо поразени, во дуелите со екипата на Македонија Ѓ.П
Пом.пионери стигнаа до 17 победа, пионерите убедливо поразени, во дуелите со екипата на Македонија Ѓ.П

Пом.пионери стигнаа до 17 победа, пионерите убедливо поразени, во дуелите со екипата на Македонија Ѓ.П

Денес во населбата Ѓорче Петров се одиграа натпревари од 18 првенствено коло, за генерациите родени “2001“ и “2002“ година. Помладите пионери забележаа убедлив триумф во дуелот со врсниците од Македонија Ѓ.П, додека пионерите беа поразени.

Помладите пионери продолжуваат со победи во првенството, откако денес стигнаа до рекордната 17 победа од 18 одиграни натпревари. Црвено-црните и полесно од очекувањата славеа на овој натпревар, убедливо со резултат од 0:8.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Костовски, Крстевски, Демири, Петејчук, Омерагиќ, Стојановски, Салиу, Гугуљанов.

Голеадата на овој натпревар ја отвори Азер Омерагиќ кој погоди за водство од 0:1 во 13 минута од натпреварот. До крајот на првото полувреме успеавме да постигнеме уште три нови погодоци. На сцената стапува Мартин Радуловиќ- Величковиќ, кој со два последователни голови успева да го зголеми резултатот. Најпрво погодува за 0:2 во 15 минута, а единаесет минути подоцна или во 26 минута му носи предност на Вардар од 0:3. До истекот на првото полувреме црвено-црните постигнуваат нов гол и повторно дело на Азер Омерагиќ, кој во 40 минута погодува за предност од 0:4. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

Не помислија да застанат со нападите избраниците на Сашо Тодоровски ниту во второто полувреме, во кое постигнаа еднаков број на голови. За “петарда“ во мрежата на Македонија Ѓ.П се погрижи Кристијан Стојановски кој на овој меч го постигна својот прв и единствен гол, кој носи водство од 0:5. Денес Мартин Радуловиќ-Величковиќ одигра одличен натпревар, а овој играч успева повторно во серија да ја тресе противничката мрежа. Најпрво зголеми на 0:6 во 51 минута, додека само четири минути подоцна (55) го зголемува резултатот на 0:7. До крајот на мечот осми гол во мрежата на Ѓорче, за конечен резултат од 0:8, дело на Николај Тодороски.

Сите добија шанса за игра кои беа на располагање за денешниот натпревар. Тоа се Јовчев, Симев, Ѓорѓиевски, Тодороски, Шабани, Исени.

Пионерите доживеа висок пораз и го забележаа првиот пораз во пролетниот дел од сезоната. Лидерот во оваа генерација, Македонија Ѓ.П беше убедлив во дуелот со вардарци и славеше со резултат 4:0. По првото полувреме резултатот беше 1:0. а во вториот дел за само четири минути три голови во мрежат на Вардар.

ФК Вардар: Андов, Зендели, Николов, Миревски, Манасиевски, Цури, Ристовски, Астарџиев, Димоски, Туша, Игнатов.

Во игра влегоа уште и Речица, В.Мирчевски, Андоновски, Т.Мирчевски, Рушити и Миленковски.