Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Голема победа за ФК Вардар генер. “2003“, кој го доби дербито со Шкендија, триумф кој може да значи и шампионска титула
Голема победа за ФК Вардар генер. “2003“, кој го доби дербито со Шкендија, триумф кој може да значи и шампионска титула

Голема победа за ФК Вардар генер. “2003“, кој го доби дербито со Шкендија, триумф кој може да значи и шампионска титула

Вардаровата генерација родени “2003“ година го доби дербито со екипата на Шкендија, во рамките на регионалната – скопска лига. Еден гол го одлучи овој натпревар а истиот го постигна Вардар, преку Александро Прелоговски во пвото полувреме.

Тренерот Петрески стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Ѓорѓоски, Јовановски, Сељанац, Марковски, Давидовски (c), Хасани, Андрески, Младеновиќ, Мирков, Прелоговски.

Не гледавме многу фудбалска убавина на овој натпревар, кој може да одлучи многу работи околу тоа кој ќе биде шампионот. Цврста игра на средината на теренот, без некои големи шанси и еден погодок го одбележаа првото полувреме. Прва се закани екипата на Шкендија, од слободен удар, но нашиот голман, Лука Стојковски успешно одбрани и не дозволи отварање на резултатот. Вардар имаше блага иницијатива и поголем посед на топка, се обидуваа да создадат поконкретна акција, но успешно беа отстранети сите приоди од противничката одбрана. Имаше уште еден обид гостинот од Тетово, но топката завршува во рацете на нашиот голман.

y5

Црвено-црните сепак успеваат да го отворат резултатот на 1:0 и тоа со гол на Александро Прелоговски, кој со глава ја заби топката во мрежата на Шкендија, откако успешен центар шут упари десниот бек, Дамјан Марковски. По првите 40 минути резултататот е 1:0 за Вардар.

y2

Прва измена кај Вардар на стартот од второто полувреме. Во игра влезе Георг Стојановски, на местото на местото на Младеновиќ. Главниот судија поништи гол на црвено-црните, откако помошникот сугерираше дека е направен прекршок врз еден од противничките играчи. Втора измена кај Вардар, од игра излезе повредениот Абдула Хасани, а на негово место е Влатко Стојановски. Имаше обид гостинската екипа, удар кој заврши над голот на Стојковски.

y4

И во второто полувреме гледавме борбена игра и двете екипи не дозволија поголеми шанси кон нивните голови. Третата измена ја направи тренерот Петрески, во игра е Марио Петрушевски на местото на Прелоговски. До крајот на мечот немаше ниту една посериозна прилика за загрозување на голот. Конечниот резултат гласи 1:0, по истекот на 80 минути.

Ова е голема победа за вардаровата генерација “2003“ која после овој триумф и се одалечи на седум бодови разлика на екипата на Шкендија. Инаку ова беше 14 победа за избраниците на Горан Петрески во регионалната-скопска лига.