Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Успешен ден за ФК Вардар генер.2010 во детската лига, победа и реми за моцмите на Зоран Петковски
Успешен ден за ФК Вардар генер.2010 во детската лига, победа и реми за моцмите на Зоран Петковски

Успешен ден за ФК Вардар генер.2010 во детската лига, победа и реми за моцмите на Зоран Петковски

Денес на терените на ФК Работнички се одигра новото, второто пролетно коло во детската фудбалска лига. Нашата генерација родени 2010 одигра два дуели. Надежите на ФК Вардар предводени од Зоран Петковски одиграа одлично забележаа победа и реми на овие два дуела.

q4

Во првиот дуел  ФК Вардар генер.2010 (2) се сретна со тимот на  Њу Старс, нашите момци во дуел во кој целосно доминираа дојдоа до победа со резултат 9-2 (4-2). Првиот дел целосно припадна на црвено-црните надежи кои имаа повеќе од играта тие овој дел го добија со два гола предност. За нас стрелаа Благојче Седлоски два пати, а по еден погодок во мрежата на Њу Старс постигнаа Петар Васовски и Пацески Лука. Првиот дел заврши со резултат 4-2 за нас.

Вториот го започнавме со шанса на Васоски кој шутна крај голот на ривалот. Истиот играч потоа успеа да погоди за водство од 5-2 за нас. Голот за 6-2 го постигна Давид Лозанов, тој изби сам и силно шутна крај десниот директ. Васоски Петар повторно во продолжение беше таличен за противничката одбрана погодувајќи за пет гола предност, 7-2. Напаѓавме постојано противникот немаше шанси за одбележување во вториот дел, тие не постигнаа ниту еден погодок во нашата мрежа. За крај со по уште еден гол на Васоски Петар  и Седлоски Благојче успеавме да зголемиме на 9-2, резултат со кој го завршивме овој натпревар.

q3

Одличен дуел одигра Вардар (1) генер. “2010“  со тимот на  ФК Форца, во натпревар во кој противникот на почетокот се одлепи успеавме да се вратиме во игра да изедначиме дури и да се заканиме за победа на крајот. Овој дуел заврши со резултат 3-3 (1-3) и поделба на бодовите. Најпрвин на почетокот иако имавме обиди, за жал противникот по две контри успеа да поведе. Најпрвин со 0-1, а потоа и со 0-2, сепак тоа не не “скрши“ и ние влеговме во костец со ривалот. Шанси за почесен гол пропуштија Стефан Ристиќ и Далибор Марковиќ потоа.  Конечно преку Марковиќ успеавме да намалиме, тој погоди прекрасно за намалување на 1-2. Имавме шанса изгледа и за изедначување во првиот дел, Костадин Трајков се обиде, сепак за жал не успеаа да погоди. Тоа го казнија противниците кои зголемија на 1-3, резултат со кој се замина на одмор.

q2

Вториот дел го почнавме фуриозно, со две големи прилики на Марко Јовановски кои за жал не беа претворени во погодок. На нашиот гол во вториот дел беше Филип Наумовски еден од одличните играчи на ова генерација, кој и во улогата на голман се снајде фантастично бранејќи неколку удари на противникот. Конечно успеавме да намалиме и да ја крунисааме офанзивата со погодок на Далибор Марковиќ кој стрелаше за 2-3. Напаѓавме со цел да изедначиме во првата прилика Марко Јовановски не успеа, но затоа Стефан Ристиќ непогрешливо шутираше за 3-3, резултат со кој се оконча овој дуел.