Денес на теренот на Академијата, претпоследното коло во рамките на регионалната-скопска лига го одиграа генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар. Нашите млади надежи забележаа убедливи победи во дуелите со екипата на Фортуна 2009.
Генерацијата 2006 на Вардар високо ја порази Фортуна, со резултат 20:1. По само осум минути игра имавме водство од 2:0. Резултатот го отвори Алтин Алији во 6.минута, додека по две минути погоди Алтин Нурединовски. Изненадувачки, гостинската екипа успева да постигне гол и да намали на 2:1 во 14 минута, а ова беше само втор примен гол сезонава за оваа генерација на Вардар. Тоа не не обезхрабри, напротив продолживме со офанзивната игра и до крајот на мечот ја наполнивме противничката мрежа. Во 16.минута од мечот во листата на стрелци се запиша и Ангел Настевски за резултат 3:1. Следеше и втор гол на Алији, нашиот напаѓач повторно погоди во 20.минута од дуелот и зголеми на 4:1. Во листата на стрелци се запиша и Марко Николовски за водство од 5:1, додека предноста на 6:1 ја зголеми Алтин Алији, за кој ова беше хет-трик. Проследивме и втор гол на мечот за Ангел Настевски за високи 7:1, додека до крајот на првото полувреме постигнавме уште нови четири голови. Истите ги постигнаа Алији и тоа два нови погодоци за овој играч, потоа Ајетовиќ и Николовски, за резултат 11:1 на полувреме.
Не застанавме со напади ниту во второто полувреме, а екипата на Фортуна уште девет пати ја вадеше топката од својата мрежа. Во второто полувреме од мечот, нови четири голови постигна Алтин Алији, по два беа за Марко Николовски и Нуман Ајетовиќ, додека еден постигна Михаил Танчев, за конечни 20:1 на овој дуел од регионалната-скопска лига.
Вардар: Данстак, Николов, Миовски, Јанкоски, Величковски, Спасовски, Настевски, Нурединовски, Алији, Ајетовиќ, Николовски (c).
Во игра влегоа уште и Краљевски, Трифуновски, Ордевски, Хасиќ, Танчев, Митровски и Анастасов.
До убедлива победа стигна и генерацијата 2005 на Вардар , која ја совлада Фортуна со резултат 10:0. Гостинската екипа даде отпор само во првото полувреме, кога црвено-црните имаа минимално водство од 1:0 со голот на Ѓорѓи Дошев. На стартот од второто полувреме успеваме да постигнеме два гола. Најпрво во 50 минута Горјан Цветков му донесе водство на Вардар од 2:0, додека резултатот на 3:0 во 54 минута го зголеми Никола Величковски. Со голот на капитенот, Величковски во 57 минута веќе имавме предност и од 4:0, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој дуел. До крајот на дуелот беа постигнати уште шест голови во противничката мрежа, од кои два беа авто голови на гостинската екипа. Останатите четири голови за Вардар беа дело на Филип Јовановски, Никола Уневски, Кристијан Таневски и Никола Величковски.
Вардар: Филевски, Јакимовски, Ристовски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Цветков, Антевски, Дошев, Серафимов.
Во игра влегоа уште и Николовски, Таневски, Стефаноски, Каланоски и Уневски.