Генерацијата 2007 на ФК Вардар ќе се обиде и оваа сезона да го одбрани трофејот во детската лига. Генерацијата која ја предводи Горан Петрески го заврши есенскиот дел од сезоната. Настапуваме со две екипи, кои прикажаа одлични резултати на полусезона.
Вардар (1) одигра вкупно осум натпревари, на кои оствари шест победи и два нерешени резултати. Токму на мечевите на кои загубивме и бодови, примивме голови од противниците, на шест натпревари ја зачувавме својата мрежа незатресена. Екипите на Албарса и Кул беа тие кои ни пружија посилен отпор и извадија нерешен резултат, на сите останати мечеви овој тим на Вардар немаше проблеми да издвојува триумф. Успеавме да постигнеме вкупно 65 голови, додека примивме само 4 погодоци.
Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Еуроспорт 8:0
2 коло: слободни
3 коло: Вардар – Шкупи 9:0
4 коло: Вардар – Фортуна 17:0
5 коло: Вардар – Албарса 2:2
6 коло: Вардар – Куманово 8:0
7 коло: Вардар – Драчево Ј. 15:0
8 коло: Вардар – Албион 4:0
9 коло: Вардар – Кул 2:2
Солидни натпревари одигра и Вардар (2), кој на осум одиграни мечеви имаше скор од шест победи, по еден нерешен резултат и пораз уште на стартот од сезоната. Оваа екипа постигна 37 голови, додека прими 8 во својата мрежа.
Сите остварени резултати на Вардар (2)
1 коло: Вардар – Работнички 1:2
2 коло: Вардар – Еуроспорт 10:3
3 коло: Вардар – Њу Старс 3:0
4 коло: Вардар – Спорт Ефе 2:0
5 коло: Вардар – Кул 4:0
6 коло: Вардар – Карев 8:1
7 коло: Вардар – Албарса (2) 7:0
8 коло: слободни
9 коло: Вардар – Сарај 2:2