Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедливи победи за Фк Вардар генер. “2004“ и “2005’ во детската лига
Убедливи победи за Фк Вардар генер. “2004“ и “2005’ во детската лига

Убедливи победи за Фк Вардар генер. “2004“ и “2005’ во детската лига

Викендов продолжуваат натпреварите во рамките на 4 коло од детската лига. Свои настапи имаа Вардаровите генерации, момчиња родени “2004“ и “2005“ година.

Фк Вардар генерација “2004“ беше сигурна во ова коло и оствари две убедливи победи.

Првиот тим на оваа генерација за противник ја имаше екипата на Нова Колонија. Вардарци беа голем фаворит на овој меч и таа улога ја оправда на теренот. Со половина од своите сили, избраниците на Филип Арсовски дојдоа до нови бодови во оваа лига. Конечниот резултат гласеше 7:0. Стрелци на головите беа Горазд Попов (2), Георг Стојановски, Огнен Здравковски, Димитар Стоимов, Игор Јаневски и Марио Ричков. 

Втората екипа на Фк Вардар генерација “2004“ исто така триумфираше во ова коло. Совладана беше екипата на Викторија од Куманово, со резултат 6:2. Вардарци доминираа на теренот имаа поголем дел од играта и на крај сосема заслужено победија. Сурлов постигна два гола, по еден дело на Ивановски, Стојановски, Ангелов и Ристов. 

Нови победи во ова коло и за Фк Вардар генерација “2005“ предводена од Зоран петковски. Двете екипи имаа свои настапи и одиграа одлично.

Фк Вардар(1) одигра натпревар против Фк Милано, на кој беше подобар со резултат 6:1. Уште по провото полувреме, беше решен конечниот победник, кога црвено-црните заминаа на одмор со резултат 4:0. Второто полувреме го одиграа рутински со контрола на играта, воглавно на средината. противникот постигна почесен гол, но Вардарци вратија со уште два во нивната мрежа. Давор Лефковски и Никола Величковски постигнаа по 2 гола. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Зоран Фидановски и Лука Јакимовски.

vardarfans detska liga

Требаше да биде дерби мечот помеѓу екипите на Вардар и Работнички, но нашите надежи високо го поразија противникот. Вториот тим на Фк Вардар генер. “2005“ беше убедлив пртив Работнички, славејќи со резултат 9:3. Работнички немаше никаква шанса на овој дуел, што говори и самиот резултат. На полувреме имавме водство од 4:1. Петар Пројковски постигна хет-трик. Стефан Наумовски и Горјан Цветков погодија на два пати, по еднаш Филип Крстиќ и Стефан Ристовски.