Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки немаат право на грешка, вечерва мора да се победи Хипо
Вардарки немаат право на грешка, вечерва мора да се победи Хипо

Вардарки немаат право на грешка, вечерва мора да се победи Хипо

Нема друг избор, освен победа за Жрк Вардар на вечерашниот натпревар против Хипо во лигата на шампиони. Девојките вчера стигнаа во Виена и одржаа полесен тренинг. Утрово имаа уште еден и полека се загреваат за новиот предизвик. На првиот меч против Ѓер не се прославивме и бевме поразени. Утеха од тој неуспех но и потрага по првите бодови во новата сезона, ќе бараме против поранешниот Европски првак, екипата на Хипо од Австрија.

Последната титула беше во сезоната 1999-200, токму против нашиот Кометал Ѓорче Петров. Австрискиот првак “тежи“ вкупно осум Европски круни од најголемото ракометно натпреварување. Сликата за Хипо во последниве неколку години е поразлична. Освен учеството по групи, нешто повеќе и не направија во пследниве пет сезони. Минатата година имаа само еден триумф и нерешен резултат во групата, во која се натпреваруваа. Тимот е составен претежно од домашни ракометарки, кои немаат големо име во Европскиот ракомет. Ја немаат веќе онаа Бразилска колонија, која настапуваше кај Австрискиот првак. Во првото коло беа убедливо поразени од Дански Митјеланд, со резултат 33:21.

Ова е голема шанса за “поправен“ на нашиот шампион кој мора да забележи победа на гостински терен. Квалитетот е далеку на наша страна, кој треба да се потврди на терен. Вардар има ракометарки кои распологаат со голем квалитет и кои се ценети во европскиот ракомет. Можеби треба малку време да се поврзе тимот и да ги покажува оние игри кои се очекуваат од нив. Токму вечерашниот натпревар е шанса да покажат и докажат дека се главни фаворити за учество на завршниот турнир и оваа сезона. Питлик и Индира немаат никакви проблеми со составување на играчкиот кадар. Сите се здрави и желни за докажување и освојување на првите бодови во групата. Мечот ќе започне од 20:15 часот, со директен преност на МРТ-1.