Вардар води со убедливи 0:3 на пријателскиот натпревар во Штип против тимот на Кит-Го.
Подобро деби во вардаровиот дрес не можеа да посакаат новајлиите. По само 17. минути игра, Мирчевски погоди за првенец во ,,црвено – црниот” дрес. Не остана должен ниту Чарлестон Силва дос Сантос кој рутинирано погоди од 12-сетина метри со лева за 0:2. Следуваше уште еден брз погодок, овој пат на Колевски за веќе убедливи 0:3 на полувреме.
Во тимот на Вардар од клупата деби настап чекаат Игески, Мартинага и Парталко, додека пак Петровиќ го започна натпреварот од првата минута.