Тимот на Вардар се враќа од Штип со победа, откако вечерва го совлада тимот на Кит-Го со резултат 1:4 (0:3). Во Вардаровиот дрес вечерва дебитираа и новите играчи, а некој од нив постигнаа и погодоци.
Вардар имаше убедливи 0:3 на пријателскиот натпревар во Штип против тимот на Кит-Го по првото полувреме. Подобро деби во вардаровиот дрес не можеа да посакаат новајлиите. По само 17. минути игра, Мирчевски погоди за првенец во ,,црвено – црниот” дрес. Не остана должен ниту Чарлестон Силва дос Сантос кој рутинирано погоди од 12-сетина метри со лева за 0:2. Следуваше уште еден брз погодок, овој пат на Колевски за веќе убедливи 0:3. Домашниот тим имаше неколку добри шанси за гол, посебно преку Ступиќ, некогашниот играч на Вардар, но изостана реализацијата.
На стартот од вториот дел дебитираше и Игески на голот на Вардар. Кон средината на вториот дел, уште низа на вардарци влегоа во игра и го освежија тимот. За разлика од првиот дел, во вториот немаше посериозни закани и промени на резултатот. По замените, Кит-Го постигна погодок и го ублажи водството на Вардар на 1:3. До крајот на дуелот авто гол си постигна Стојменов за конечни 1:4.
Вреди да се напомене дека вечерва Вардар имаше супер услови за игра, а имавме и можност да го проследиме дуелот преку M»Net HD.