Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар поразен од Веспрем во СЕХА финалето
Вардар поразен од Веспрем во СЕХА финалето

Вардар поразен од Веспрем во СЕХА финалето

Вардар беше поразен во СЕХА финалето во Задар од Веспрем со резултат 35-27 (15-12).

Вардарци по првиот дел исто како и на натпреварот против ППД Загреб, имаа три голови негатива. Се започна лошо по нашиот тим. По само неколку минути игра противникот имаше предност од три, а на моменти разликата достигна и четири. На почетокот на дуелот Борозан беше расположен за игра, а на спротивната страна Јотиќ реализираше на три наврати. Како одминуваше натпреварот така и Коралес влегуваше во форма, а на спротивната страна Ристовски и Кантагрел немаа свој ден, запишувајќи само две одбрани за 18. минути игра. Кон крајот на првиот дел, Веспрем започна да греши и да не постигнува голови, а на спротивната страна Вардар преку Вујин и Чупиќ успеа да намали на подносливи минус три на полувреме 12-15.

Вардар се одржуваше на три негатива и по 6.минути игра во вториот дел кога Јотиќ погоди за 15-18. Точно на средината од вториот дел отидовме на двојно поголема негатива, по погодокот на поранешниот пикер на Вардар, Фереира ривалот поведе со 18-24. Ние се обидувавме да се вратиме во ритам, но немавме сила да парираме на квалитетот ривал вечерва. Од минута во минута имавме резултатско задоцнувања зад ривалот, а на крајот бевме поразени со 27-35.

Прв стрелец кај Вардар беше Калараш со 6 гола, по четири пати погодија Јотиќ и Валчак.