Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победнички пролетен старт за Вардаровата генер. “2003“ која беше подобра од Македонија Ѓ.П
Победнички пролетен старт за Вардаровата генер. “2003“ која беше подобра од Македонија Ѓ.П

Победнички пролетен старт за Вардаровата генер. “2003“ која беше подобра од Македонија Ѓ.П

Утрово на теренот на академијата, Вардаровата генерација родени “2003“ година го одиграа првото пролетно коло, во регионалната скопска лига. За противник го имавме тимот на Македонија Ѓ.П, кој го совладавме убедливо со резултат 9:2.

На денешниот меч имавме повеќе од играта и заслужено победивме. Брзо го отворивме резултатот, откако Абдула погоди за водтство на Вардар од 1:0. Истиов играч имаше уште една шанса, но неговиот удар завршува во рацете на голманот. Црвено-црните продолжија со притисок на половината на противникот, а во шанса се најде и Дамјан Марковски, на уфрлена топка од Мешковски. Сепак во следните минути противничката екипа успева да го израмни резултатот на 1:1. После израмнувањето се играше воглавно на средината на теренот без поголеми шанси на двете страни. Црвено-црните повторно доаѓаат во предност од 2:1, откако по една грешка на противничкиот голман, Грегориј Каргов кој ја испушти топката од рацете. Истата стигна до Александро Прелоговски кој немаше проблем да ја смести во мрежата.

vardarfans-2003

Само пет минути подоцна Филип Ѓорѓоски успева да зголеми на 3:1 и тоа од корнер акција. Втор гол на натпреварот постигна и гостинската екипа и тоа директно од слободен удар, за намалување на 3:2. Ништо позначајно не се случуваше до крајот на првиот дел. За одбележување е само шансата на Влатко Стојановски, кој бие над голот на Македонија ЃП. По првото полувреме резултататот беше 3:2.

vardarfans-igra

Во игра на стартот во второто полувреме влегоа Мирков, Петрушевски, Тасески. Првиот удар во второто полувреме го има Петар Давидовски кој завршува во рацете на голманот. По само четири минути игра во вториот дел, Вардар зголемува на 4:2. Успешен продор направи Мирков кој ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, на топката со глава наиде Петре Тасески кој погодува за 4:2. Веќе успеваме да зголемиме и на 5:2, со погодокот на Антонио Мирков. Имаше нафрлена топка од корнер, на неа со глава наиде Мирков за зголемување на предноста. Во следните минути се обиде и Марио Петрушевски кој бие во рацете на голманот. Водството ни овозможуваше да играме посмирено и полесно. Најпрво нововлезениот Марио Петрушевски со неговиот прв зголемува на 6:2, за минута подоцна гол да постигне и Александро Прелоговски за убедливи 7:2. Шансите пред противничкиот гол се редеа, а ние повторно постигнуваме гол преку Петре Тасески за 8:2. Голеадата ја продолжи Марио Петрушевски кој на асистенција на Мирков зголемува на 9:2. Ова беше и конечен резултат на крајот.

Нашата генерација продолжи со победите и во пролетниот дел и останува со максимален број на освоени бодови во регионалната лига.