Викендов започна новата сезона на детската лига, во која учествуваат сите младиснки категории на фудбалскиот клуб Вардар. Свој успешен старт имаа и момчињата родени “2006“ година, предводени од тренерот Игор Кралевски. Оваа генерација настапува со две екипи, кои забележаа убедливи победи на самиот старт, без ниеден примен гол.
Фк Вардар (1) генерација “2006“ имаше фуриозан настап на првиот свој натпревар во лигата. За противник во првото коло ја имаа екипата на Башкими, која претпре висок пораз од нашите млади надежи. Конечниот резултат гласеше дури 8:0 за црвено-црните. Уште од првите минути почнавме да ја полниме мрежата на противникот, кој можеше да замине дома и со уште некој примен гол. На овој меч дури шест голови постигна Давид Голубов, по еднаш во листата на стрелци се запишаа Михаил Николов и Даме Крстевски.
Оваа генерација на овој дуел настапи во следниов состав: Андреј Данчевски, Михаил Николов, Давид Голубов, Дамјан Крстевски, Максим Цониќ, Михаил Танчев, Никита Патаровски и Милош Спасовски.
Свој настап во првото коло имаше и вториот тим на оваа Вардарова генерација, кои пак беа поуспешни од екипата на Фк Викторија. Тука натпреварот заврши со конечни 3:0 во корист на Вардар. Сите три голови за нашиот тим ги постигна Ангел Крстевски.
Составот на Фк Вардар (2) генерација “2006“ : Лука Јаневски, Андреј Стефковски, Данил Ордевски, Филип Цветковски, Иван Блажевски, Рамадани Бурак, Филип Спасовски, Максим Митровски, Ангел Крстевски и Максим Цоник.