Македонската фудбалска репрезентација до 15 години која е составена од играчи кои се дел од Академијата на ФФМ беа гости во Словенија, каде одиграа два контролни натпревари со соодветната селекција на оваа земја.
Двата натпревари завршија со нерешен резултат. Првиот дуел со резултат 2:2, додека оној денешниот исто така со нерешени 1:1. Стрелец на единствениот гол денес за Македонија беше играчот кој доаѓа од Вардар, се работи за Арбин Курти.
Инаку на двата одиграни дуели како стартери започнаа тројца играчи од Вардар кои на почетокот на оваа сезона преминаа во Академијата, како дел од проектот на ФФМ. Се работи за Симеон Здравковски, кој инаку е капитен на оваа селекција, потоа Зоран Фидановски и Арбин Курти. Дел од оваа селекција е уште и голманот Илија Апостоловски, кој минатата сезона исто така го бранеше голот на Вардар.