Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Може ли Вардар до голема победа без Дисингер и Борозан!?
Може ли Вардар до голема победа без Дисингер и Борозан!?

Може ли Вардар до голема победа без Дисингер и Борозан!?

Ракометарите на Вардар се подготвуваат за можеби најважниот натпревар оваа сезона. Идниот четврток во Скопје гостува тимот на ПИК Сегед во рамките на првиот дуел од 1/4 финалето на Лигата на шампионите.

На само седум дена до натпреварот, Парондо се соочува со низа на проблеми. Како што е добро познато во четврток во Скопје осетно ќе биде ослабена левата бековска позиција во нашиот тим. Дисингер се повреди и нема да може да настапи, а Вуко Борозан заврши со Вардар. Па така на дуелот ќе имаме само еден класичен лев бек шутер во името на Сергеј Горбок, кој ќе добива поддршка од Игор Карачиќ кој може да одговори солидно и на таа позиција. Тука сигурно гостинскиот тим ја гледа својата шанса, а и голманот на Сегед, Шего изјави дека нивната шанса ќе биде подолгата клупа за разлика од противникот.

Останува да сочекаме и да видиме како Вардар ќе одигра без овие двајца важни играчи. Несомнено и без нив нашиот тим поседува огромен квалитет. Тоа го покажа и на завршниот турнир во СЕХА-лигата, каде стигна до нова титула без поголеми проблеми иако имаше и на тој натпревар низа на повредени играчи.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за во четврток (25.04.2019) во 20 часот во СЦ “Јане Сандански”, а останати се уште 50-сетина билети и тоа за стоење.