Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со два дуели викендов, во недела по се изгледа гостуваме во Струга
Вардар со два дуели викендов, во недела по се изгледа гостуваме во Струга

Вардар со два дуели викендов, во недела по се изгледа гостуваме во Струга

Од утре стартуваат битките за пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во машка конкуренција. Ние погледите секако ги насочуваме кон нашиот прв тим кој овој викенд ќе има лесна задача и два тренинг дуели пред натпреварот со ПИК Сегед.

Во сабота во Скопје ни гостува тимот на РК Прилеп. Овој натпревар ќе биде одигран од 14.00 часот. Со победата над РК Прилеп, во недела ќе гостуваме по се изгледа во Струга, која не би требало да има проблеми со вториот тим на Металург. Неделниот дуел е предвидено да биде одигран од 18.00 часот.

По планираните две победи, Вардар се враќа во Скопје, каде од идниот понеделник ќе има речиси четири денови максимално да се подготвува за дуелот со ПИК Сегед кој е на програмата во четврток (25 април) од 20.00 часот.