Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Утре на теренот на Академијата, ФК Вардар генер. 2005 ја пречекува екипата на Македонија Ѓ.П
Утре на теренот на Академијата, ФК Вардар генер. 2005 ја пречекува екипата на Македонија Ѓ.П

Утре на теренот на Академијата, ФК Вардар генер. 2005 ја пречекува екипата на Македонија Ѓ.П

Во сабота своето 16.коло во регионалната-скопска лига ќе го одигра генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година. На теренот на Академијата со почеток од 10:00 часот ќе гостува екипата на Македонија Ѓ.П.

Избраниците на Зоран Петковски ќе се обидат да се вратат на победите во лигата, а со тоа и да го задржат врвот во завршниот дел од сезоната. Првиот натпревар одигран во есенскиот дел на гостински терен, вардарци го добија убедливо со резултат 0:3.

Пред ова коло Вардар е прв на табелата со 38 бодови, еден повеќе од екипата на Кул, од која има и натпревар помалку за одигрување. Нашиот утрешен противник се наоѓа на дното на табелата, со само 3 освоени бодови од 15 одиграни мечеви.

Слободна во ова коло е генерацијата 2004 на Вардар, со оглед дека Македонија Ѓ.П нема екипа во оваа категорија.