Во саботата се одигра седмото пролетно коло во детската лига, во кое настапија сите генерации на ФК Вардар.
Еден натпревар одигра генерацијата родени “2005“ година и тоа Вардар (2) кој за противник го имаше тимот на Милано, кој го совлада убедливо со резултат 6:1. Вардар (1) службено го доби својот меч против екипата на Еуроспорт, која не пристигна на овој дуел. Две победи за генерацијата “2006“ во ова коло. Вардар (1) го доби дуелот со екипата на Милано (5:0), додека Вардар (2) беше поуспешен од екипата на Метеор со резултат 7:0. Генерацијата родени “2007“ одиграа три натпревари и остварија две победи и еден пораз. Вардар (2) го загуби дуелот против Албион ( 1:4), додека Вардар (1) славеше против Фамос со резултат 3:2. Меч одигра и Вардар во повозрасната генерација, тие за противник го имаа тимот на на Сарај, кој го победи со 2:1.
Две убедливи победи во ова коло забележа и генерацијата “2008“ и тоа Вардар (1) кој беше подобар од Драчево (6:0), додека Вардар (2) го победи тимот на Кул (2) со резултат 11:1. Меѓусебен дуел во ова коло одиграа двете екипи кај генерацијата “2009“. Вардар (1) и Вардар (2) ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 3:3, додека кај најмладата генерација “2010“ остваривме висок триумф и тоа Вардар (1) кој со реултат 9:1 ги победи врсниците од Шкупи.
Како и во секое претходно, така и во ова коло на нашиот веб сајт имавте можност да прочитате извештаи од сите гореспоменати мечеви на вардаровите екипи.