Вардарки ја испуштија и последната шанса да се искачат на врвот на Европа, откако во финалето беа поразени од екипата на Ѓер. Не претстанува тагата кај ракометарките, кои посакуваа да се простат од клубот со трофеј од ЛШ, пред се играчите кои најдолго поминаа во црвено-црниот дрес. Една од нив е Андреа Лекиќ, која силно ја посакуваше Европската титула. Андреа на својата официјална страна истакна дека нема зборови со кои може да ја опише тагата која ја чуствува:
-Рамислувајќи што да напишам, сфаќам дека нема зборови кои се доволни за да ја опишам тагата која што ја чувствувам. Ви Благодарам на сите за поддршката.