Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре ќе атакува на петтата победа по ред над Брегалница

Вардар утре ќе атакува на петтата победа по ред над Брегалница

Утре на програмата е четвртото коло во новата сезона 2016/2017 во првата македонска фудбалска лига. Црвено-црните се домаќини на екипата од Штип тимот на ФК Брегалница. Вардар утре на овој дуел  ќе атакува на петтата победа по ред над Брегалница, одкако во последните четири меѓусебни средби однесовме “цел плен“ со штипјани. Дуелот утре ќе се игра на Арената “Филип втори“ со почеток во 16-30 часот.

Вардар добро отвори со седум бода во првите три кола, Брегалница впиша само едно реми досега и се наоѓа на предпоследната позиција од табелата. Ние сме апсолутен фаворит во овој дуел и по квалитетот на тимовите и по меѓусебната историја. Во минатата сезона се сретнавме четири пати со штипскиот прволигаш според тогашниот систем на натпреварување на три меча бевме домаќини и истите ги добивме со резулатите: 2-1, 4-0 и 3-1, а на единственото гостување во Штип минатиот август победивме со 0-2. Позната е и судиската тројка за овој дуел , истата е предводена од Јакимовски Дејан кој ќе биде главен судија на овој дуел. Ова е последен дуел пред паузата во најсилната фудбалска лига во земјава, истата продолжува на 11-ти септември по крајот на репрезентативните термини поради кои ќе има пауза во истата. Во тоа петто коло гостуваме во скопската населба Ѓорче Петров кај екипата на ФК Македонија Ѓ.П.