Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одложен стартот на лигата за Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година

Одложен стартот на лигата за Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година

За утре предвидено беше да стартува новата лига за фудбалските генерации родени “2002“ и “2003“ година. Таа ќе биде поразлична од претходните, каде настапуваа во детската лига. Лигата ќе ја сочинуваат екипи од Скопско-Кумановскиот регион и тоа вкупно 14 тимови. Ќе се играат вкупно 26 кола, по 13 во есенски и пролетен дел. Сепак првото коло ќе биде одложено.

Вардаровата генерација “2002“ утре на терените на ФФМ ќе одигра ревијален натпревар со академијата на ФФМ. Овој меч ќе започне од 09:00 часот.  Петар Ѓорѓиевски останува тренер и во новата натпреварувачка сезона за оваа генерација.

Генерацијата родени “2003“ година под водство на новиот тренер Томче Трајановски требаше утре да одигра дуел против врсниците од Македонија Ѓ.П. Сепак тој меч е одложен, а истите екипи ќе одиграат пријателски меч во недела.

Детската лига за генерациите родени од 2004-2007 е планирана да започне на 15-ти септември.