Фудбалерите на Вардар по добрата партија против екипата на Ренова, сега гостуваат во Струмица кај Академија Пандев каде се надеваат дека ќе ја прикажат истата игра како во Скопје од пред некој ден и дека конечно ќе дојдат до првата пролетна победа.
Нема да биде ни малку лесно, но Вардар по се изгледа ја најде вистинската формација и позициите на фудбалерите, па така сега ќе биде многу полесно. Тука е и Мирчевски кој игра во фантастична форма, кој со Ренова го постигна и својот осми погодок сезонава.
Кај противникот ќе има една плејада на поранешни играчи на Вардар. Освен тренерскиот тандем Васоски – Бојовиќ, тука ќе бидат и Манев, Јовановски. Мартинага, Димоски, Стојчевски, а поради црвен картон ќе го нема Серафимов.
Натпреварот на овие две екипи утре, започнува со почеток од 13.00 часот.