Денес во Јане Сандански, тренинг-напревар одигаа кадетската и сениорската екипа на ЖРК Вардар. Двата тима одигаа допадлив меѓусебен дуел. Сениорската екипа покажа дека е во врвна форма, девојките на Платон и Папуџиева одигаа добро и борбено на оваа средба, пред се тимски.
Ова беше тренинг напревар без поголема резултатска важност за двата тима. Важна е одржувањето на напреварувачката форма особено за кадетките кои немаат лига систем од почетокот на пандемијата речиси над една година.
Првиот дел заврши со шест гола предност за повозрасните вардарки (17-11) кои во вториот дел победија со 36-23 на овој тест натпревар.
Кај сениорките Илиќ Андреа која одбрани сама цел дуел од 60.минути впиша 16.одбрани зад своето име. Фани Ѓорѓиевска се издвои со осум гола, и со висок процент на реализација (8/9). Трпевска Ивона и Миновска Сара погодија по 5 пати, по три погодока имаа Катерина Дамјановска и капитенот Диневска Бојана која имаше 100% ефект.
* Наскоро повеќе фотографии од овој сестрински тест напревар одигран во Јане Сандански.