Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Вардаровите кадети и со „преполовен“ состав ја „растурија“ екипата на Шкендија
Вардаровите кадети и со „преполовен“ состав ја „растурија“ екипата на Шкендија

Вардаровите кадети и со „преполовен“ состав ја „растурија“ екипата на Шкендија

Кадетите на ФК Вардар денес  во рамките на 14.коло дојдоа до голема победа во дербито со Шкендија. Момците на Ивановски Филип на гостувањето во Тетово победија со високи 0-3 (0-1).
4 5
Состав: Стојковски Лука (К), Јовановски Дарио, Ричков Марио,Трпезановски Дарко, Ѓоргоски Филип, Стојановски Стефан, Хасани Абдулах, Марковски Дамјан, Мирков Антонио, Андрески Лео, Перковски Теодор.
Избраниците на Филип Ивановски во целост ја надиграа екипата на Шкендија на денешниот дерби дуел. Иако настапивме во „преполовен“ состав без неколку стандардни играчи, сепак бодовите завршија кај вардарци. Прва прилика имавме ние преку Мирков чиј удар заврши крај голот на противникот, а потоа Перковски имаше обид од 18.метра, но неговиот удар заврши над гредата од голот на домаќините, Вардар имаше инцијатива на теренот. Конечно во 13.минута дојде наградата за трудот, Дамјан Марковски одлично го проигра во казнетиот простор Мирков Антонио, кој со одлично фудбалско чувство успеа да ја вметне топката во мрежата за водство на Вардар од 0:1.
1
Шкендија веднаш по голот успеаа да се закани, за малку не дојде до израмнување на резултатот, откако имаше акција од левата страна, беше нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, еден од домашните играчи имаше чиста позиција за гол, но топката го префрли голот, па остана предноста во наша корист. До крајот нашиот тим имаше уште една прилика, Лео Андрески нафрли од десна страна топката во шеснаессетникот дојде до Мирков кој ја зафати топката која мина над голот. Со гол предност, 0-1 заминавме на одмор.
2 3 6
Денес најактивниот во нашиот тим Мирков ја имаше и првата прилика во вториот дел,  тој шутна по прекин за жал топката мина крај голот. Шкендија се закани во две прилики на нашиот гол два пати, но Лука Стојковски одлично одбрани.  Прекрасен гол постигна Лео Андрески,  по нафрлување од корнер на Хасани, шутна силно и погоди атрактивно за 0-2 во 65.минута. Навистина одличен гол за Андрески, кој донесе солидна предност за неговиот тим. Потоа стрелецот на погодокот во вториот дел, повторно се закани, неговиот удар мина крај голот, ова беше уште една голема прилика за вардаровиот тим. По одлична акција на Вардар, Перковски асистираше до Мирков кој погоди за високи 0-3 на ова кадетско дерби.  Вардар успеа да дојде до победа и да остане лидер на табелата во кадетската Супер лигата.
7 8
Во игра кај нашиот кадетски тим во вториот дел влегоа: Љушев, Попов и Анчевски.
На крајот и пофалби за вардаровиот стратег, Филип Ивановски, кој и покрај големите проблеми околу составување на екипите, сепак одлично ги „компонира“ составите. Неговата мотивација, но и тактичката поставеност денес повторно дадоа резултат, па кадетите на Вардар иако кои настапија без голем број на првотимци, сепак освоија важни бодови за шампионската титула.