Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинското фудбалско дерби им припадна на Шкендија
Младинското фудбалско дерби им припадна на Шкендија

Младинското фудбалско дерби им припадна на Шкендија

Младинците на ФК Вардар го загубија дербито од екипата на Шкендија, на натпревар од 14.коло кој денес се одигра во Тетово. Во голем дел од натпреварот бевме рамноправен противник на тимот кој е лидер во младинската Супер лига. Натпреварот заврши во корист на домаќинот кој славеше триумф со резултат 2:0.

1

Иако настапивме без голем број на играчи, сепак покажавме солидна игра, имавме и ние свои прилики, кои доколку ги искористивме, натпреварот можеше да има и поинаков тек. Првиот директен удар на овој дуел беше кон нашиот гол, кога после слободн удар и нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, еден од домашните играчи биеше со глава крај нашиот гол. Моравме да направиме и прва принудна измена на денешниот натпревар, откако играта ја напушти Салиу, во игра влезе Сулејман Исмаиљи. Екипата од Тетово успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, добар гол за тетовчани откако успеаа да погодат од некаде 18 метри, прецизно по земја биеше противничкиот играч, топката ја зафати стативата, но заврши во нашата мрежа. Вардар имаше голема шанса преку Ерен Парталко, која остана неискористена, односно голманот на Шкендија одлично одбрани и спаси израмнување. Кон домашниот гол се закани и Петре Тасевски, но одбрани голманот. Во својата втора шанса, Шкендија поведе и со 2:0, повторно силен и прецизен удар по земја, после една акција од левата страна, откако топката беше нафрлена од спротивната страна, бие силно еден од противничките играчи, немоќен беше нашиот голман за предност од 2:0.

3 4 5

Домаќинот имаше солидно водство, но момците на Ивановски не се предадоа, одиграа храбро и во вториот дел, но не успеаа да ја погодат противничката мрежа. Мора да се напомене дека во овој дел од натпреварот две големи шанси имаше домашниот тим, но Гоце Јовчев одлично интервенираше во двата обиди и спречи поголема негатива. Можевме да се вратиме во игра, кога после една добра акција, Сулејман Исмаиљи реагираше споро, па беше блокиран од неколку метри, ова беше добра шанса за постигнување на погодок. До крајот на натпреварот немаше големи возбудувања, па тетовската екипа славеше триумф со резултат 2:0.

Вардар: Јовчев, Трајковски, Шабани, Крстевски (К), Илиев, Симев, Тасевски, Салиу, Ибраим, Саит, Парталко.

Играа уште и Исмаиљи и Ивановски.