РК Вардар денес запиша нова рутинска победа во плеј-офот на Супер лигата ,откако како гостин со сигурни 27-31 славеше на дербито со Металург.
Дербито донесе промени на водството на двете екипи на самиот почеток. Калуѓеровиќ и Хорват и на овој дуел беа водечката сила на Металург, додека на спротивната страна предначеше Гаџа, Дибиров и Чупиќ, а на голот одличен беше младиот Кизиќ. На пауза се замина со 15-15, а стартот на вториот дел мина во знакот на црвено-црните момци на Алушовски.
Вардарци конечно заиграа квалитетно во двата правци, а тоа и донесе прва посериозна позитива од четири гола. Сепак домаќините возвратија и во 47. минута намалија на само еден гол негатива, но искуството на Вардар дојде до израз во самиот финиш. Интернационалците во нашите редови: Јотиќ, Дибиров и Чупиќ ја презедоа одговорноста и на својот тим му донесоа сигурна победа од 27-31.
Тимур Дибиров со седум гола и Иван Чупиќ со шест беа најпрецизни во таборот на Вардар, а пак Анте Гаџа со четири.
Ова беше седма последователна победа за вардарци, со која се зацврстија на врвот на табелата со максимален број на освоени бодови.