Во среда на теренот во населбата Јане Сандански заостанатото 11.коло ќе го одиграат кадетите и младинците на ФК Вардар, кои се домаќини на екипата на Шкендија. Натпреварите ќе стартуваат во термините од 11:00 и 13:00 часот.
Дали кадетите на Вардар можат да ја прекинат лошата серија без победа и да триумфираат на утрешниот дуел останува да видиме. Според позициите на табелата, Шкендија е фаворит на овој меч, до пред овој дуел тетовци имаат 11 победи, само 1 нерешен резултат и се уште се без пораз. Првиот натпревар одигран во Тетово, го доби екипата на Шкендија која славеше со резултат 2:0.
Многу поинтересен и поважен дуел треба да одиграат младинските екипи на Вардар и Шкендија, кои се единствени претеденти за освојување на шампионската титула. Шкендија е лидер на табелата со максимални 36 освоени бодови, додека Вардар е на второто место со 31 освоен бод. Единствениот пораз вардарци го доживеаа на мечот од 2.коло кога во Тетово славеше домашниот тим со резултат 2:1. Евентуална победа за Вардар ќе значи неизвесна борба за титулата во пролетниот дел од сезоната.