Голманот на Вардар, Дејан Милосављев се најде во изборот на СЕХА-лигата, за најдобри пет одбрани во месец ноември. Истата доаѓа на мечот кој Вардар го играше на домашен терен против екипата на Извиѓач, на кој популарниот “банда“ имаше 11 одбрани, а една од тие се најде во ТОП-5 најдобри во СЕХА за изминатиов месец.