Во среда на теренот во Ѓорче, заостанатото 10.коло во првенството ќе го одиграат кадетите и младинците на ФК Вардар кои ќе гостуваат на екипата на Македонија Ѓ.П. Мечевите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Македонија Ѓ.П е фаворит во дуелот со Вардар, на натпреварот во кадетската Супер лига. Противникот високо котира на табелата, се наоѓаат на третата позиција со вкупно 22 освоени бодови. Во случај на триумф против црвено-црните ќе се искачат на второто место на табелата и ќе имаат само шест бодови заостанување од екипата на Шкендија. Од друга страна, кадетите на Вардар на десет одиграни меча освоија само десет бодови, во случај да триумфираме во среда ќе одиме три позиции погоре на табелата, што сигурно ќе биде дополнителен мотив за вардарци. На отварање на сезоната, Вардар успеа да ја победи Македонија Ѓ.П со резултат 3:1.
Интересен натпревар треба одиграат младинските екипи на Вардар, кои моментално се наоѓаат на втората, односно третата позиција на табелата. Црвено-црните имаат седум бодови повеќе од противникот и со победа ќе се зацврсти на второто место, но и ќе се доближи на само три бода од лидерот, тимот на Шкендија. Ова ќе биде дури четврти меѓусебен дуел оваа сезона на Вардар и Македонија Ѓ.П. а сите ги доби нашиот состав. На два пати убедливо со резултат 5:1, додека пред нецела недела на истиов терен славевме со 1:2, во рамките на реваншот од 1/4 финалето на купот.