Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Давид Савревски: Ние сме одлична “спојка„ на добар тренер и играчи, на крајот од сезоната посакуваме да ја освоиме и кадетската лига
Давид Савревски: Ние сме одлична “спојка„ на добар тренер и играчи, на крајот од сезоната посакуваме да ја освоиме и кадетската лига

Давид Савревски: Ние сме одлична “спојка„ на добар тренер и играчи, на крајот од сезоната посакуваме да ја освоиме и кадетската лига

Играчот кој е висок 1.98 см и е еден од најдобрите играчи на кадетската екипа на РК Вардар. Во следново наше интервју ве запознаваме со Давид Савревски кој настапува на десната бековска позиција и претставува голема опасност за противничките екипи. Располага со висок одраз и силен удар и се смета за голем потенцијал на Вардар и македонскиот ракомет. Веќе четврта година ги брани црвено-црните бои, откако пристигна од екипата на Илинден. Прочитајте го интервјуто со Давид Савревски.

1. Како се случи да започнете да играте ракомет, дали овој спорт беше вашата прва желба ?

-Ракометот е единствен спорт со кој сум се занимавал. Некои мои другарчиња почнаа да тренираат па си реков да пробам и јас. Со првиот допир на ракометната топка почуствував нешто, тука се пронајдов и продолжив да тренирам.

1422

2. На колку години започнавте да тренирате, во која школа и кој беше првиот тренер кој ве научи на основите во ракометот ?

-Со ракомет започнав да тренирам на 8 годишна возраст,а први тренери кои ме воведоа во ракометните вештини , беа Дарко Јанев,Александра Јанев и Александра Кузмановска. По неколку години поминати во РК Илинден, преминав во екипата на  РК „Вардар“.

3. Минатата сезона вие бевте единствената машка екипа од Вардар која успеа да стане шампион. На што се должеше овој успех во пионерската лига ?

22222060_1841290762553324_5460071048884243809_n

-Успехот се должеше на целата екипа, на работата на нашиот тренер и на секој од нас поединечно. Јас мислам дека сме одлична “спојка„ на добар тренер и добри играчи и тоа вродува со плод. Исто така и големиот број на турнири кои ги одигравме ни помогнаа да бидеме се подобри, бидејки во Македонија во наша генерација немаме голема конкуренција натпреварите на турнирите многу значат за нас.

4. Многу поретки се играчите кои шутираат со лева рака, дали тоа го сметате за предност во овој спорт ?

-Левата рака е секако предност, но не значи дека си незаменлив. Јас работам напорно и се трудам да си го зацврстам местото во оваа екипа на Вардар.

735

5. Колку години сте во Вардар и колку време соработувате со Андријана Будимир. За каков тренер и личност станува збор ?

-Во Вардар сум веќе четврта сезона . Од самиот почеток сме со тренерот Андријана Будимир. Таа е главен и единствен виновник за целиот мој напредок. Принципиелна особа која од секој од нас сака да извади максимум, не само како играч ,туку пред се како личност, а секако и како спортист.

46395264_10213230239772745_5265705827032891392_n

6. Со максимален број на освоени бодови го завршивте есенскиот дел од сезоната во кадетската лига. Колку сте задоволни од прикажаните игри и остварените резултати ?

-Секогаш може подобро. Победа е победа и да е минимална, но и таа секогаш може да се идзвојува со подобра игра. Ние се трудиме да дадеме максимум на секој натпревар. Мислам дека одлично се снаоѓаме, дека ке продолжиме уште подобро и се разбира на крајот од сезоната посакуваме да ја освоиме кадетска лига.

7. Паралелно настапувате и во младинската лига, каде играте со повозрасни и поискусни екипи. Колку тие мечеви имаат значење за твојот тим ?

46492059_10213230211292033_4725236909259882496_n

-Со натпреварите во младинската лига се стекнуваме пред се со искуство. Се соочуваме со појаки, поискусни играчи, подобра одбрана, но и на овие натпревари влегуваме со желба за победа.

8. Дали Давид има ракометен идол и колку често ги гледате мечевите на Вардар во ЛШ и СЕХА ?

46491654_10213230209851997_3942894545980620800_n

- Мојот идол е Недим Ремили. Ги следам сите натпревари, освен кога ќе ни се поклопат со нашите. Но покрај натпреварите на РК  Вардар во ЛШ и СЕХА-лигата ги следам и натпреварите од младите категории.

9. Од оваа сезона имате и помошен тренер. Каква е улогата на Аце Станковски во екипата, колку тој ви помага да бидете подобри ?

46447529_10213230194411611_3945882705052303360_n

-Доаѓањето на Аце Станковски е од големо значење за сите нас. Тој е задолжен за кондиционите тренинзи. Одлично го прифативме ги слушаме неговите совети, ги одработуваме задачите што ке ни ги даде. Со неговото искуство и знаење ни помага да бидеме физички појаки.

Звонко Ивановски