Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Конечно се отвара тренинг центарот на Фк Вардар, во населбата Хиподром
Конечно се отвара тренинг центарот на Фк Вардар, во населбата Хиподром

Конечно се отвара тренинг центарот на Фк Вардар, во населбата Хиподром

Конечно тоа што долго се очекуваше и беше во изработка, најтрофејниот македонски клуб екипата на Фк Вардар ќе добие свој тренинг камп кој се наоѓа во населбата Хиподром. Ова е уште еден голем проект, дело на сопственикот на фудбалскиот и ракометните клубови на Вардар, господинот Сергеј Самсоненко. Фудбалскиот клуб конечно ќе добие тренинг центар изработен по сите стандарди, какви што имаат и големите европски клубови. Во склопот на овој тренинг центар ќе се наоѓаат два фудбалски терени, од кои еден ќе биде со вештачка треба потоа, апартмани и соби за играчите, просторија за видео анализа како и ресторан.

Свеченото отварање ќе се случи утре со почеток од 12 часот. Во најскоро брзо време треба да започне да функционира и Академијата, која ќе им служи на сите младински екипи во Фк Вардар. Изградбата е во завршна фаза, а истата се наоѓа во близина на Арената “Филип втори“ .