Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре Вардар се враќа во тренажен процес
Утре Вардар се враќа во тренажен процес

Утре Вардар се враќа во тренажен процес

Фудбалерите на Вардар имаа успешен викенд откако славеа победа во Струмица кај Академија Пандев со голот на Дејан Блажевски од пенал во вториот дел.

По големата победа на Вардарци, Васоски им даде два дена одмор на сите играчи кои настапија на тој дуел, а оние кои не играа, вчера одработија тренинг.

Утре целиот тим се враќа во тренажен процес и ќе се подготвува за неделниот натпревар на домашен терен против тимот на Силекс од Кратово.

Овој дуел е предвидено да биде одигран в недела со почеток од 17 часот.